ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Глина без вода во очите

December 31, 2021 18:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Дојдоа од Ал Џезира да ме прашаат што ми оставило најсилен впечаток во 2021 година.

Им реков дека најсилен впечаток ми остави Македонија.

Во која смисла, ме прашаа новинарите?

Татковината не пропушти да забележи дека опасно ја доближуваат до зоната на спасот. Преку апликацијата на демистификуваната политика и демитологизираната историја, преку светот на нормалноста, во реални и непријателски околности, на перонот на кој требаше да се качи на возот за модерноста, побрза да ги истресе од себе позитивните јони на иднината, како некакви болви, како вишок течност што кучето што излегува од реката ја истресува од себе.

Питонот на нејзината историска, политичка, институционална, културна, морална и ментална конституција, реков, продолжи да ја дави, но повторно се доведе во ситуација да не сака да ја голтне таа одвратност.

Така Македонија живее.

Односно преживува.

Не е здрава без болеста.

Македонија покажа дека најголемата опасност за неа е спасот од себе. Тоа таа отсекогаш го разбирала како разнебитување. И затоа, по неколкугодишна епска борба, успеа да се ослободи од Заев односно не му дозволи на „Човекот од Муртино“ да ја спаси од себе си. Тоа што се умисли дека Муртиниецот ѝ е под честа, дополнително ја стимулираше во настојувањето да продолжи да се дави самата себе.

Да биде и питон и газела во едно.

Драмата е засилена со инерцијата на атомизираното и оглупавено општество. Кое ништо што не носи непосредна корист не може да го покрене.

Па дури ни тоа, затоа што користите се различни и се спротивставени.

Единствениот обилен вишок тука се оправдувањата.

Четирите волци, пропагандите, курвата вавилонска.

Сè, само ние не.

Хахаха!

Појавноста е коска по која јури македонскиот пес.

Без идеја да сфати дека го заебаваат.

Односно дека самиот себе си се заебава.

Да ѕирне и таму кај што ништо не се гледа.

Во темнината која е исполнета со значења.

Во светот кој не е празен, затоа што е под нивото на појавноста.

Можни се два генерални извода:

Македонија не смее да прифати да се тепа со Бугарија или со кој било друг фактор, со оружјето со кое е најслаба: историјата!

Како што и на внатрешен план не смее да се движи според очекувањата на народот, туку спротивно од тие очекувања, можеби не во смисла на целите, но во смисла на методите, средствата и жртвите – сигурно.

Дали е тоа можно?

Верувам дека не се загубени сите шанси.

Не сум сигурен дека новото раководство на сдсм има сили овие работи да ги свари и од таа ферментација да црпи енергија и насоки во политичкото дејствување. Тие мора да ја решат квадратурата на кругот со две или три непознати: како да се борат против клиентелизмот во државата која се темели на клиентелизам, на клиентелизмот кој е новиот асном, републиката во пламен на независната држава, меѓу народот кој на државата и општите работи гледа само низ призмата на личниот интерес, како на печена кокошка од која, мисли тој, му следува едно копанче или макар крилце, дури и тртката под одредени околности може да го задоволи, но без ништо, каква смисла има и државата и нацијата и сиот свет.

Хахаха!

И така, драги мои, додека својата аполонија ја похував во овие еретички мисли, и додека не можев да појдам во тоалет, а од казанчето да не почне да ми шушти празнотијата на Жмицко или на Хер Флик, или некоја друга одвратност, на ум ми падна биографијата на Дерида од Беноа Петерс. Овој алжирски Евреин, доживеал многу срања и зла во животот, по линија на својата припадност, пред сè, но за разлика од мене, како предмет на прогонот на сопствената нација и како жртва на неверојатната бедотија која успеа да ни се наметне и да ни го обликува општиот дискурс како мејнстрим, Жак учел, живеел и се дружел, внимавајте сега – со Мишел Фуко, со Хајдегер, со Мерло Понти, со Алтисер, со Делез, со Бланшо, со Лакан, со Пол Селан, со Емануел Левинас, со Пол Рикер, со Жан Жене, со Антоан Арто, со Хусерл, со Филип Солерс….

Каква епоха на хуманизмот.

Мојот општествен фон е изграден од тотална спротивност.

Гомбрович ја има убаво опишано.

Оддалечувајки се од селскоста и претворајќи се во интелигенти, јунаците на моето време всушност останаа сељаци, но како интелигенти.

Со паѓањето во фушерство ги претворија јунаците во мелодрамски глумци. Дарба со која најмирно и како од шега скокаат во комедијаштво – без да го увидат својот бофл.

Гомбрович викал за Кубанците дека се интелигентни и информирани, но дека не се направени од глина, туку само од вода. Подвижна течност која се менува и истекува.

Сосема спротивно од Македонците.

Кои се направени од глина.

Која може да се меси и обликува.

Без вода.

Во очите.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk