ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата, следува помош за најпогодените

January 3, 2022 13:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството, истакна на прес-конференција Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ.

– Најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто.

Со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеа да спречи енормен раст на цената на електричната енергија и поскапува за 9,48 отсто. Тоа се должи на навремено актвирање на сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори.

Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока. Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари. Владата предводена од СДСМ потпиша договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката. Меѓу нив е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип.

Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата. Имајќи го предвид покачувањето на електричната енергија, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија. Сето ова се мерки кои ги преземеме за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор.

Владата и институциите ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици кои ќе следат во наредниот период.

Next Post

(ВИДЕО) Дали веганите се хранат поздраво од оние кои јадат месо?

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk