ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Мамо си одиш, не ме оставај“, објавена публикација со дојави од самохрани мајки

January 4, 2022 15:42
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Дороти Пачкова, лична архива

Дороти Пачкова, лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

„Компилација мегафон 1: Анонимна реалност/дојави на еднородителски семејства и самохрани мајки во Република С. Македонија“, е името на публикацијата која неодамна ја објави здружението „Една може!“, а чија авторка е претседателката на здружението Дороти Пачкова. Целта на објавувањето на една ваква компилација од анонимни дојави на самохрани мајки и еднородителски семејства, е да се обелоденат предизвиците со кои се соочува денешната самохрана мајка.

Како што вели Пачкова, со ова, најголемо влијание очекува да се направи кон сите кои било кога стапуваат или ќе стапат во контакт со самохраните мајки.

„Ова женско писмо е мегафонот преку кој анонимните реалности на самохраните мајки, на оние на кои им се тресат колената и ден денес, допираат до широката јавност. Посебен придонес претендираме да направиме кон оние кои ги носат одлуките во државата, секој/а во сферата во која може да направи промена и да го крене гласот за овие жени, кои од осамостојување на земјата никогаш немале континуирани застапници/чки во владите, парламентот, институциите, па така се оставени самохраните мајки на самите маргини од оваа општествена заедница“, вели Пачкова.

Во публикацијата се содржани барања или проблеми кои ги пријавиле самохраните мајки во здружението. Најголем дел од нив се однесуваат на семејно насилство, насилство и по разделба, нарушени семејни односи, закани, одземање на дете, неисплатени алиментации и покрај судско решение. Еве само некои од анонимните искази на мајките објавени во публикацијата:

„Во голема заблуда сум незнам кој пат да го фатам. Не сакам да останам веќе со него, а седам заради децава, тие не можат без мене, големиот чувствува и плаче и кога одам на работа, ми вика „мама си одиш, не ме оставај“. Не можам да престанам да плачам колку сум немоќна. Посоветувајте ме што да правам да можам да си одам, а да не останам без децава“.

„Каде и како би можела да се обратам за некоја хуманитарна помош, искрено би ми помогнало сè иначе јас сум самохрана мајка на два сина. Еден средношколец и другиот сега полуматурант кој не знам ни како ќе го спремам за полуматура. Јас сум невработена, живееме под кирија со социјална помош од 4.000 денари а јас одам како аргат работам, сè буквално работам, чистам по туѓи куќи…“

„По долго чекање на огласот за социјални станови, излезе дека жителите од приградската општина немаaт право на стан, бидејки не се жители на градот од внатрешноста каде се градат становите. Сега кај да се обратам за социјален стан? Со мало тримесечно бебе сум, сама комплетно.“

„Здраво, самохрана мајка сум на два бебуши близнаци. Каде може да земам храна за нив?“

извор: МЕТА

 

Next Post

Арсовска да одговори, кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ?

НАЈНОВО

Венс: Примирјето меѓу Израел и Хамас се почитува и покрај судирите во Газа

October 29, 2025
ВИ

Холандија гласа на предвремени парламентарни избори

October 29, 2025

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk