ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

January 4, 2022 09:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 За прилепските археолози 2021 година донесе големо откривање на тајните на минатото, а најмногу од сѐ, им даде можност оваа и наредните години прецизно да ги изнесат фактите како се живеело на овие простори. Таа прецизност им ја донесе новата лабораторија во Институтот за старословенска култура.

Античкиот локалитет Стибера, најпознат по совршенството на пронајдените мермерни статуи, во 2021 г. откри уште повеќе тајни, ексклузивни за очите на јавноста, за туристите. За археологот Душко Темелкоски од прилепскиот Завод и музеј, Стибера се потврди како македонската Помпеја. Откриените – прва агора во голем обем во антички град во земјава, мермерна биста и мерна маса, редок наод по примерот на Помпеја во Италија – се доказ на тоа тврдење, смета Темелкоски.

– Најрепрезентативен наод претставува бистата веројатно на Фаустина, жената на римскиот император Антониј Пиј, кој владеел во средината на 2 век од нашата ера. Тоа е време на најголемиот процут на градот, Бистата од Стибера била поставена на постамент во ниша, која била луксузно декорирана со флорална орнаментика. Таа според извонредната изработка претставува можеби најрепрезентативниот пример на познатата работилница за мермерни скулптури во градот. Агорите, како големи плоштади во античките градови биле средиште на економскиот, религиозниот и социјалниот живот на луѓето. Покрај другото, агората претставувала и пазариште, место каде што граѓаните вршеле стокова купопродажба. Со истражувањата е откриен, всушност, така да го наречеме, административниот дел од агората во Стибера, објаснува археологот Темелкоски.

Годинава треба да започнат реконструкцијата и конзервацијата на откриениот дел од агората во Стибера.

Трескавец, пак, кој по традиција се посетува во почетокот на секоја Нова година, поточно на Свети Игнатиј, се утврдува како култно место со милениумски континуитет, но и со илјадагодишни темели на градби за живеење, на производство и одбрана. Постепено се дефинираат фактите за античката населба Колобаиса, чии седумгодишни истражувања се заокружија во 2021 година. Според археологот Бранко Ристески и директор на Институтот за старословенска култура, во последната етапа од повеќегодишните истражувања на античката населба Колобаиса се работеше на утврдување на влезниот дел на населбата, пред манастирот Трескавец, што ги донесе новите сознанија за градбите.

– Ги потврдивме двете етапи на постоењето на населбата. Првата се поврзува со доцниот први до среднината на четвртиот век, а втората етапа од последните децении на четвртиот до првите децении на седмиот век. За првата етапа се карактеристични масивните ѕидови со широчина од 1,80 до 2 метри, при што централно место во населбата заземаат храмовите на Аполон и Артемида. Втората етапа од населбата, од последните децении на четвртиот до првите децении на 7 век е резултат на едно темелно уривање, веројатно поради воени напади, имаме констатирано интензивни слоеви на горење, особено на просторот околу влезот на античката населба. Како резултат на ова ново реорганизирање на просторот, античката населба добива нови населбински, но и фортификациски, односно воено-одбранбени позиции. Во оваа фаза се конституирани три кули, вели археологот Ристески.

Свое мислење има и единствениот жител на Трескавец, отец Калист, кој се надева дека токму оваа година ќе го добие водоводот за обновениот манастир од пожарот пред девет години и технички да биде предаден во употреба.

– Археологијата секако дека има исклучително значење за нас. Освен што треба да ја раскаже приказната за претхристијанскиот период и за оној континуитет што е тука, на Трескавец, речиси 3 000 години за едно исклучително култно место, за нас е значајно и од безбедносни причини, бидејќи возобновувањето и реконструкцијата на крепоста околу Колобаиса за нас би значело целосна заштита од шумските пожари, кои се многу чести во овој предел. Археологијата овозможува Трескавец да се стави во една туристичка вредност, да се возобнови во иднина целата влезна партија во античкиот град и посетителите, влегувајќи кон манастирот да имаат една прошетка низ времето, така што влегуваат во еден антички град, а од него влегуваат во христијанството и во манастирот Трескавец, вели отец Калист, кој очекуваше посетители и на овој Свети Игнатиј.

И како круна на архелошките достигнувања, посебно во прецизно утврдување на откриените артефакти е новата лабораторија за архиметриско потврдување на наодите. Оваа 2022 година ќе биде во знакот на меѓународно акредитирање на лабораторијата.

– Приоритет е создавање интернет-ориентиран компјутерски систем за евидентирање на резултатите од археолошките истражувања. Целта е поголем број истражувачи од земјава и од странство да имаат пристап до релевантните податоци од нашите истражувања преку строго дефинирани процедури и протоколи. Овие податоци секако дека ќе бидат достапни и за државните институции и ќе бидат релевантни во процесот на носење стратегии од суштинско значење за развојот на државата, го објаснува значењето на новата лабораторија во Институтот, нејзиниот раководител, археологот Христијан Талевски.

Ако археолошките откритија во 2021 година го зголемија националното богатство и ги откриваат тајните на живеењето на нашите предци, тогаш оваа 2022 година, сметаат археолозите, е година на потврда, но и зачувување на тоа бесценето богатство.

 Елизабета Митреска / MIA

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

July 3, 2025

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk