ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Центарот за култура во Куманово успешно ја реализира програмата, во тек е реконструкција на театарот

January 5, 2022 11:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно е реализирана програмата на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово под чии ингеренции е и театарот, соопштија денеска надлежните од установата. Во тек е и реконструкција на одвоената зграда на кумановскиот театар. Од установата најавија дека ќе подготват проект за нова потстаница на системот на греење за Центарот за култура.

– Имавме шест театарски премиери што во условите во кои функционираме, а тоа се два театри – македонска и албанска драма, навистина имавме одлична реализација. Секако, тука се и изложбената дејност, музичките концерти, промоциите на книги и сите останати настани од културата, изјави Сашо Тодоровски, директор на кумановскиот Центар за култура.

И покрај пандемијата, установата имаше успешна година, смета Тодоровски. Во Центарот за култура, согласно протоколите, одржани се 32 концерти, 14 изложби, пет промоции на книги, ликовни работилници.  Што се однесува до инфраструктурата, од установата посочија дека тековно се одвива првата фаза од реконструкција во Театар Куманово.

– Деновиве имавме посета од министерката за култура Ирена Стефоска при што разговаравме околу моменталната изведба која тече според планираното и за следните фази од изведбата на проектот кои треба да се случат во следните три години. Очекуваме дека оваа 2022 година по завршување на втората фаза од изведбата, при крајот на мај,  треба да се распише јавна набавка за втората фаза од реконструкцијата. Оптимисти сме дека реконструкцијата ќе оди во предвидениот рок со обезбедување на потребните финансиски средства изјави Тодоровски.

Годинава и наредните претставите од Театар Куманово ќе се играат на сцената во Центар за култура. Театарот е во очекување на новата годишна програма и од февруари ќе почнат подготовките за нови претстави.

Во рамки на Центарот е предвидено санација на системот за парно греење, проблем кој се провлекува со децении во зградата на установата.

– За системот за парно греење имавме фаза на проверка на системот каде требаше соодветна фирма да го провери постојниот систем кој го има во Центарот за култура и фирмата која го изведе тоа заедно со извештаите од двата надзори заклучија дека постојниот систем е комплетно нефункционален и застарен и невозможно истиот да биде функционален со оглед на временскиот рок во кој бил вон употреба. Во моментов сме во подготовки на проект за изведба на нова потстаница која ќе може да се приклучи на постојниот проект за гасна котларница кој е подготвен. Процедурата е голема и обемна, но оптимисти сме дека во следниот период ќе имаме конкретни завршни проекти за да може да аплицираме за финансиски средства за изведба на истиот, додава Тодоровски.

извор: МИА

Next Post

СДСМ: Кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ, Арсовска должи одговори

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk