пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
“Секој што сака да влезе во Австралија мора да ги почитува нашите правила за влез. Ги очекуваме причините и доказите на Ѓоковиќ. Ако тие докази не бидат доволни, нема да биде третиран различно од кој било друг и ќе биде вратен со првиот авион дома”.
Изјавил австралискиот премиер Морисон.
Нормално.
А францускиот претседател Макрон изјавил дека невакцинираните не ги смета за граѓани.
Како и Тричковски, макар што овој господин не е претседател.
Како се случи една истакната светска личност да биде ставена во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн. Да го чуваат полицајци. Фатен во обид да ги измами властите за својот статус во врска со ковидот. Многу сериозно недело. Односно во настојувањето да игра на Австралија опен да ги заебава жителите на државата и нивните жртви во напорите да се сузбие пандемијата.
Можеби мислел дека крстот Свети Сава од прв ред е небеска вакцина.
Просто неверојатно.