Една канадска студија заклучи дека жените имаат повеќе од 30% поголема веројатност да умрат откако ќе бидат оперирани од машки хирург, наместо од жена хирург, јавува Би-Би-Си.
Според студијата, жените исто така имаат поголема веројатност да имаат компликации и да бидат повторно примени во болница кога хирургот е маж, отколку кога жена ја изведува процедурата.
„Newsday“ разговараше со двајца автори на студијата, Кристофер Волис, доцент, Одделот за урологија, Универзитетот во Торонто и д-р Ангела Џерат, вонреден професор на Универзитетот во Торонто:
„Машките пациенти имале еквивалентни исходи без разлика дали нивниот хирург бил маж или жена. Но, жените оперирани од мажи имале поголем ризик од негативни исходи по операцијата“, истакнала д-р Џерат. Дел од негативните исходи кои ги забележале 30 дена постоперативно биле ненадејна смрт, и чести компликации.
Комуникацијата игра голема улога во тоа, вели Кристофер Волис. Мажите хирурзи и жените хирурзи комуницираат поинаку. Жените хирурзи комуницираат подобро пред, и после операцијата, вели д-р Волис.
Претходните истражувања од 2017 година, во коавторство на Волис, откриле подобри резултати за пациентите третирани од женски хирурзи и истражувачите се обидоа да се надоврзат на таа работа.
Некои машки хирурзи може да се чувствуваат загрозени од нашето истражување. Сепак, ние заземаме алтернативен став дека ова претставува можност за учење, развој и подобрување на грижата за сите пациенти, изјави Волис.
Студијата од 2020 година објавена во рецензираниот американски весник за хирургија покажа дека дискриминаторските перцепции за неспособност и недоверба во вештините на женскиот хирург опстојуваат, и покрај доказите од студијата на Волис од 2017 година дека женските хирурзи имаат малку подобри резултати од пациентите од машките хирурзи.
Таа студија од 2020 година, објавена во Американското списание за хирургија, исто така покажа дека женските хирурзи имаат помалку професионални можности за унапредување, недоволна застапеност на лидерски позиции, намалена научна продуктивност, повеќе домашни обврски и обврски за одгледување деца.
Поправањето на овие несогласувања во здравствената заштита нема да биде лесно, рекоа Џерат и Волис. Тие се надеваат дека нивното истражување може да ги научи хирурзите на нетехничките вештини неопходни за максимизирање на резултатите за сите пациенти, без оглед на полот.
превод: Марија Миткоска