ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Софија сака нов пристап, но со стари позиции, Скопје се надева на брза деблокада на евроинтеграциите

January 8, 2022 09:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот премиер  Петков потврди дека на 18 јануари ќе ја посети Република Северна Македонија, во одговор на прашање на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на седница за пратенички прашања во Народното собрание. Тој додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Ставот е ист, вели тој, но Владата во Софија го надградува со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи.

-Со одењето на разговори на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Република Северна Македонија. Се надевам дека нашата Влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати, рече во заклучокот бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.

Петков се очекува да биде првиот странски лидер со кој ќе има средба мандатарот за состав на новата Влада и иден премиер Димитар Ковачевски, која се очекува да биде избрана во Собранието најдоцна до 17 јануари.

Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон оценува дека ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел. Тој во интервјуто за Радио Слободна Европа на прашањето дали постои замор од проширувањето во ЕУ одговара потврдно и појаснува зошто е тоа голем проблем.

-Заморот од проширувањето е голем проблем затоа што тоа е подарок за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на гласачите може да им го претстави како несериозност и незаинтересираност на европските партнери, да укаже на пример на Северна Македонија, која е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ. Унијата не прави ништо, како и Германија за време на нејзиното претседавање, со што ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел. Вучиќ може да каже дека Северна Македонија дури и го смени името за да го деблокира патот за евроатлантска интеграција, а официјална Софија сега го кочи. Во право е и Вучиќ кога го тврди тоа. Прашањето е како да се реши овој проблем?, наведува Џозеф.

Според него, колку повеќе има тензии и превирања на Балканот, иницијативи како „Српски свет“, тензии во Црна Гора и загрозување на интегритетот на Босна и Херцеговина, толку помалку ќе биде подготвена европската јавност да го одобри приемот на балканските земји. Одговорот на заморот од проширувањето на ЕУ, треба да е прво да се стабилизира регионот врз принципите на демократијата, а не на стабилократијата.

Професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, пак, во врска со ветувањата на новата про-европска влада во Софија дека ќе најде начин да го надмине ќорсокакот поради ветото за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, ги одмерува шансите за компромис. Дичев, во анализа за Дојче Веле оценува дека не постои рационално објаснување за бугарското вето за отворањето пристапни преговори на Северна Македонија.

-Националистите во претходната влада едноставно сакаа да си ја зголемат популарноста. Но од каде тој ентузијастички консензус? Се чини дека Бугарите очекуваа дека Македонците, сега „ослободени“ од српската хегемонија, ќе им се вратат, и затоа беа разочарани кога открија дека нивните соседи развиле сопствен солиден национален идентитет, вели Дичев.

Тој понатаму посочува дека грчкото одбивање да го прифатат името на новата држава веројатно го нахрани и бугарското национално его. Но, за разлика од Атина која на Скопје му претстави јасни услови, денешниот бугарски бес, вели тој, се чини неодреден и нелогичен. Тој претставува опасен преседан кој, според него, несомнено ќе биде искористен и во „контроверзите меѓу Србите и Косоварите, Полјаците и Украинците и сите други земји со различни погледи на нивната заедничка историја“.

-Надежите на Северна Македонија дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да го тргне ветото се претерани: Франција се залага за продлабочување на Унијата пред натамошното проширување, додека екстремно десните партии се скептични за приемот на нови членки со големо муслиманско население – како Северна Македонија, оценува Дичев во анализата во која се наведени кои се нелогичностите и слабостите на секое од бугарските барања во однос на Сeверна Македонија.

Бугарскиот претседател Румен Радев, завчера ги повтори условите кои треба да ги исполни Скопје за отворање на преговорите со ЕУ – спроведување на билатералниот договор и решавање на сите отворени прашања, како што се „гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација и на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство“.

Тој за во понеделник свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, на кој ќе се распарава за ставовите и следните чекори за С Македонија. Темата на разговори е насловена како „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“.

Претседателот Стево Пендаровски уверува дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба.

Тој на средба завчера со евроамбасадорот Дејвид Гир разговарале за политичките случувања во земјава во пресрет на формирањето на новата влада, како и очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи. Претседателот притоа констатирал дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи минатата недела најави дека земјава очекува конструктивни разговори со новата бугарска Влада и брзо деблокирање на евроинтегративниот процес. – Важно е да се врати довербата и да се разговара за суштинските прашања кои се на маса, порача Османи, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ не е само од интерес за земјава, туку и стратешко геополитичко прашање за Унијата.

Тој најави и конкретизирање на комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач со Унијата, по формирањето на новата Влада во земјава.

извор: МИА

Next Post

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk