„Благодарен сум што судијата одлучи да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај сè што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромна БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам присебен и силен“, напиша на својот Фејсбук Новак Ѓоковиќ.
Претходно судијата кој ја слушна жалбата на Новак Ѓоковиќ против одлуката на австралиската влада да и ја укине влезната виза на тениската ѕвезда денеска изрази загриженост поради третманот на Ѓоковиќ откако тој беше приведен по пристигнувањето.
Судијата Ентони Кели рече дека Ѓоковиќ се чини дека го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против Ковид-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија опен и приложи докази за тоа кога слетал во средата навечер.