ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тројца снабдувачи со парно во Скопје, секој различно грее, РКЕ со над 50 поплаки за квалитетот

January 10, 2022 16:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот снег во Скопје и најавите за минимални температури и под минус 10 степени во наредните денови го кренаа алармот кај жителите на главниот град во врска со централното парно греење. Во Скопје има тројца снабдувачи со парно греење кон граѓаните и во моментов секој ја обезбедува оваа обврска на различен начин. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека граѓаните веќе почнале да испраќаат приговори поради неквалитетното греење на нивните домови.

Од РКЕ информираат дека досега се пристигнати над 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на греење од најголемиот снабдувач во Скопје – Балкан енерџи груп (БЕГ).

„Поради енергетската криза, РКЕ веднаш ги става во процедура поплаките кои се доставени до комисијата и во прва фаза со ургенција бара од БЕГ да излезе на терен и да изврши мерење на фактичката состојба по што бараме извештај како постапиле во однос на пријавениот проблем – рекламација од страна на потрошувачот“, информираат од РКЕ.

Од Регулаторна велат дека во порамнителните сметки, снабдувачот е должен да ја фактурира само потрошената топлинска енергија, по пропишаниот квалитет на услуга од Правилата за снабдување на топлинска енергија.

„Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот“, соопштуваат од РКЕ.

Од БЕГ денеска соопштија дека заклучно со 9 јануари до нивниот диспечерски центар биле поднесени рекламации на потрошувачи од 204 објекти од вкупно 2.700, коишто се приклучени на нивната дистрибутивна мрежа. Нивните екипи отстраниле технички неисправности во топлинските станици на 39 објекти, додека во другите згради е извршено мерење на внатрешната температура во просториите и само во еден објект била констатирана температура помала од 20 степени.

„Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува приодниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколку дневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми“, соопштуваат од најголемиот снабдувач – БЕГ.

Од Регулаторната комисија пак засега нема објаснување што ќе биде со граѓаните кои се приклучени на парно греење од АД Скопје Север, чиишто над 500 корисници од населбите Чаир, Бутел и Топанско поле веќе со денови не добиваат топлинска енергија во своите домови. Топланата „Север“ ги исклучи котлите поради високата цена на гасот и побара од Општина Чаир да ги подмири долговите, додека снабдувачот од државата побара да им помогне за да се нормализира испораката на топлинска енергија.

Третиот снабдувач со топлинска енергија во Скопје – АД Електростопанство на Северна Македонија, подружница „Енергетика“ непречено врши дистрибуција на топлинска енергија во населбите од скопската општина Гази Баба. Државната компанија обезбедила природен гас за снабдување на околу 3.500 домаќинства, 17 основни и средни училишта и 75 деловни субјекти во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Регулаторите ги советуваат граѓаните најпрво да поднесат приговор до снабдувачите со топлинска енергија (БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика) доколку не се задоволни од квалитетот на услугата. Од РКЕ велат дека екипи на тројцата снабдувачи мора да излезат на терен и да спроведат мерење во домовите, по што должни се да изготват писмен извештај за фактичката состојба и истиот да го достават до поднесувачот на приговорот, во согласно со пропишаниот рок во Правилникот за снабдување со топлинска енергија.

„Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, односно од писменото известување од снабдувачот за квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачот во втора инстанца може да поднесе приговор до РКЕ. РКЕ има оформено Комисија која работи на решавање на приговорите на потрошувачите“, информираат од РКЕ.

Инаку, од 1 јануари цената на парното греење во Скопје поскапи за 14 отсто поради зголемените цени на природниот гас, којшто снабдувачите го користат како енергент за производство на топлинска енергија. При објаснувањето на новата цена на парното во Скопје, претседателот на РКЕ Марко Бислимовски рече дека 13,8 милиони евра ќе бидат потребни за да се набави природен гас за скопските топлани, но апелираше до Владата на РСМ, Градот Скопје и општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија.

„Доколку БЕГ почне да работи на мазут, тогаш до крајот на грејната сезона ќе треба да работи на мазут. Јас тоа не го препорачувам, но ако нема природен гас и цената е многу висока може и тоа да се разгледува како крајна опција. Топланите се во подрчја каде живеат луѓе и тоа ќе се одрази врз загадувањето и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски при образложувањето на цената на парното.

Извор: Мета.мк

Next Post

Герасимовски: Зимската служба на Општина Центар е на терен и ги расчистува коловозите од снег

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk