ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Политиките да продолжат, да се подобрат и дополнат

January 11, 2022 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Клучната обврска на новата Влада е да ја зголеми ефикасноста и успешноста во реализација на стратешките правци и политиките за кои граѓаните дадоа доверба на парламентарното мнозинство. Политиките да продолжат, да се подобрат и дополнат, но пред сè, да се зајакне институционалниот капацитет и механизам за генерирање на резултати, позитивни исходи и видливи и мерливи ефекти за граѓаните и економијата.

Ова се наведува во Предлог-програмата за работа на Владата за периодот 2022–2024 година на мандаторот Димитар Ковачевски.

Ковачевски посочува дека мандатот за работа на Владата се базира на изборната волја на граѓаните од последните парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година, парламентарната и политичка поддршка претставена преку зголемено мнозинство на пратеници и довербата за спроведување на политиките дефинирани во Програмата за работа на Владата во периодот 2020- 2024 и донесените стратешки документи за нејзино спроведување во изминатиот период.

-Зад нас оставаме исклучително тежок и предизвикувачки период. Здравствените и економско-социјалните ризици оставија сериозни и негативни последици за нашите граѓани и држава. И во такви услови, успеавме да се соочиме со нив, да го одржуваме и надградуваме здравствениот систем во поддршка на личното и колективно здравје, да ја одржиме и подобриме вкупната економска активност и да го сочуваме животниот стандард на населението. Кризата предизвикана од пандемијата ги засили предизвиците, ги потенцираше системските и лични слабости, исто така овозможи мобилизирање на севкупниот национален човечки и институционален капацитет во
справување со неa, се наведува во Предлог-програмата за работа на Владата за периодот 2022–2024 година.

Ковачевски посочува дека пандемијата е сè уште активна, а дополнително се наоѓаме во енергетска криза. Според него, досегашните искуства од работењето на претходната Влада, направените објективни анализи и нужноста за промени како предуслов за борба со постоечките и новите предизвици, резултираа со потребата за избор на нова Влада.

– Да ги надминеме старите, подобро да се справиме со новите предизвици и да успееме во трансформацијата на нашата економија за потребите на новото време. Нудиме продолжување и интензивирање на политиките за забрзан економски раст и развој на државата, базиран на континуирани високи стапки на раст, зголемување на домашните и на странските инвестиции и директна поддршка на личната потрошувачка преку зголемување на минималната и просечната плата и пензиите, подвлекува Ковачевски.

Ќе сториме сè стапката на инфлација да биде стабилна, наведува Ковачевски, како предуслов за одржување на предвидливото и растечко економско окружување и  ктивност, според обезбедениот План за поддршка и зголемување на животниот стандард и куповната моќ на населението. Здравствената и социјалната заштита и поддршка на населението се зајакнува, како што фундамент на нашите политики и акции станува човечкиот капитал генерално и конкретно.

Тој очекува рапидно зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции, пред сè во стратешката инфраструктура во Коридорот 8 и регионалните и локалните  инфраструктурни проекти.

– Планираме на објективна основа, како резултат на владината поддршка, но и како последица на одлуките на економските субјекти, зголемување на нивото на домашни и странски инвестиции. Директната и фокусирана поддршка ќе се зголеми, како што даночните и неданочни оптоварувања ќе останат идентични, ниски и предвидливи. Започнуваме процес на дополнителна поддршка за намалување на парафискалните давачки и зајакнување на финансиските стимулации за директна поддршка на бизнисот. Ќе ја реорганизираме, ќе ја реконфигурираме и ќе воведеме дополнителни форми за поефикасно работење на државната и јавна администрација на сите нивоа, вели Ковачевски.

Мандаторот Ковачевски нагласува дека ефикасна, растечка и продуктивна економија подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и целосно и ефективно владеење на правото и правната држава на сите нивоа. За Владата овие политики се највисок приоритет и примарен фокус.

-Очекуваме низ директен, транспарентен и инклузивен дијалог, да ги надминеме предизвиците за формален и институционален почеток на преговори за полноправно членство во Европската Унија, со зачувување на нашиот национален и државен идентитет и засебност. Убедени сме дека почетокот на преговорите ќе генерира врвен импулс и стратешки придонес во растот и развојот на нашата држава, потенцира Ковачевски.

Најавува дека во иницирањето и спроведувањето на стратешките политики ќе бидат целосно отворени, транспарентни и ќе нудат партнерски однос со сите прогресивни политички, економски и социјални домашни и меѓународни фактори. Уверува дека Владата ја има и ќе ја преземе најголемата одговорност.

– Во 2022 година прв и основен приоритет ќе претставува националниот одговор на енерегетската криза. Конечно мора да преземеме суштински, долгорочни и стратешки мерки за да ја спроведеме енергетската транзиција. За тоа да се случи имаме План, кој ќе го комуницираме и разработиме со домашната и со меѓународната експертска јавност. Краткорочните мерки за намалување на негативните ефекти се подготвени, но нашата цел е да започнеме енергетска транзиција која ќе овозможи Република Северна Македонија да ја стекне својата енергетска самостојност и независност базирана на обновливи извори на енергија, со зелена, достапна за сите и ценовно ефективна енергија. Убедени сме дека за тоа имаме капацитет и знаење, идентично како што имаме цврста волја тоа да го спроведеме и да успееме, наведува Ковачевски во Предлог-програмата за работа на Владата за периодот 2022–2024 година.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ: Нов и компетентен тим ја освежува Владата, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, таму се истите луѓе со истата реторика

НАЈНОВО

Instagram / selenagomez

(ФОТО) Селена Гомез и Бени Бланко се венчаа во Калифорнија

September 29, 2025

Албански медиуми: Велиај го оспори разрешувањето пред Уставен суд; Диела се обрати на Конгресот за нанотехнологија; Уште еден ден до одлуката на косовскиот уставен суд за изборот на градоначалници

September 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен: Се обидувам да ги убедам младите возачи да не се фиксираат на Формула 1

September 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски ја презентираше програмата „Визија за Скопје 2025-2045“ заснова на седум главни столбови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Скопје 16 кандидати за градоначалник, за 45 советнички места 855 кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk