Ракометната Федерација на Македонија го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на Европското ракометно првенство што се одржува во Унгарија.
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров
Таборот на македонската ракометна репрезентација заминува денес во 14:10 часот за Дебрецин,
а првиот меч од групната фаза нашите ракометари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18 часот против репрезентацијата на Словенија.
Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска.
Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања во три наврати.
Според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои денес требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19), соопшти синоќа Ракометната федерација на Македонија.
Ј. Ѓ.