ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Која мизерна завршница, бе, Никола Димитров…

Најмалку што можеш сега да направиш е да се засрамиш, ама кај тебе само пердето виси, срамот го нема. Знаеш само себе да се цениш. А можеше исто како што дојде така да си заминеш. Дипломатски, човечки, македонски. Ти заминуваш вморонски...

January 12, 2022 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter
БОРЧЕ ТРАЈКОВСКИ
Најмалку што од тебе, манекену, како фаворит на владата на Заев, се очекуваше, е ваквиот твој настап пред медиумите после твоето разрешување. Но, не беше мој фаворит од причина што од старт ми беше сомнителна фигура и секако твојата министерска позиција во социјалдемократска влада.

Не сакам да изигрувам бајач, ама, освен манекенството кое ти ја преплави суетата, всушност, ги засили твоите комплекси за неменливост, за лажна совршена вредност, за човек на кој му беше пружена најодговорната позиција во значаен период за државава, преспанскиот договор и договорот со Бугарија, во себе виде бастион пред кој ќе стравува и Заев и сите други во владата. На моменти некои твои љубители те видоа и на првата позиција на Бихаќка, еј. Таа тенка нитка на натрупани комплекси во тебе, се покажаа веднаш после твојата смена од таа позиција.

Денес, испливаа со сиoт сјај на површинската бедност. Види момче Никола Димитров, на ваков начин да се простуваш од луѓето кои ти овозможиле светска афирмација и куп привилегии, да хушкаш набедувајќи го Бујар со некои апсурди, за кои, кој знае колку пати и самиот Бујар се изјаснувал, дека, за се’ може да се преговара со Бугарите, само за јазикот и идентитетот на Македонците НЕ, ги потврдуваат оние мои претходни сомнежи за твојата лажна вредност…

И уште еднаш, типац како тебе кој ја доби шансата да биде дел од највисоките позиции во владата на Заев, познат и потврден вморовски кадар да биде дел од социјладемократската власт, доколку се чувствувал загрозен и по позицијата и по престојот во Македонија, (сите знаеме дека подолг период живееш надвор од државава со семејството), на ваков начин да се простува од пружената шанса, не е ништо друго освен ниска карактерна особина преку која набедувајќи други се обидува да ги покрие сопствените дефекти и комплекси.

И ај тоа, ама, да ја хушкаш јавноста напаѓајќи го најдобриот министер во оваа влада, Бујар Османи, и сето ова да го нијансираш со национална, албанска нитка, со кои повеќе од сигурно ќе предизвикаш хаос меѓу лажните патриоти од твојот калибар во вморонското крило, е чин за осуда. Не за ваква како мојата, туку, за кривична осуда. Ако си згоден и знаеш како да се облекуваш, ако си речит и присен, ако дипломатијата ти е во крвта, тогаш во најмала рака, бе токмак, требаше да го знаеш и ова што со твоево излагање можеш да го предизвикаш на внатрешен план.

Најмалку што можеш сега да направиш е да се засрамиш, ама кај тебе само пердето виси, срамот го нема. Знаеш само себе да се цениш. А можеше исто како што дојде така да си заминеш. Дипломатски, човечки, македонски. Ти заминуваш вморонски…

Која мизерна завршница, да се најежишшш…


Текстот е личен став на авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk