ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓоковиќ: Вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите

January 12, 2022 08:55
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за ковид-19 во декември, и рече дека неговиот агент направил грешка кога ја пополнил неговата декларација за патување во Австралија.

– Сакам да нагласам дека вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите и да ги почитувам обврските за тестирање, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.

Ѓоковиќ на Инстаграм профил напиша дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

– Овие дезинформации мора да се коригираат, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста за мојот престој во Австралија, како и да се разјаснат работите кои се штетни и загрижувачки за моето семејство, напиша тој.

Српскиот тенисер додаде дека се трудел да ги заштити сите околу него и оти се придржувал на тестирањето за коронавирусот.

– Присуствував на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември (Црвена Звезда – Барселона), по што пристигна информација дека голем број луѓе се позитивни на коронавирусот. Иако немав никакви симптоми, на 16 декември направив брз антигенски тест. кој беше негативен. Тој ден направив и ПЦР-тест, следниот ден бев на тениски настан во Белград за да им дадам награди на децата и пред да заминам направив нов антигенски тест кој беше негативен, се чувствував добро, а позитивен ПЦР тест добив дури после настанот, напиша Ѓоковиќ.

Тој изјави дека следниот ден, на 18 декември, во неговиот тениски центар во Белград дал интервју за францускиот весник E’kip и дека тоа го направил за да не ја разочара новинарката.

– Гледав да држам пропишана дистанца и постојано носев маска, освен кога се сликав. После тоа отидов дома да се изолирам. Кога ќе размислам сега, грешка беше да се прифати интервјуто, кое го мораше да се одложи”, додава Ѓоковиќ.

Во врска со неговата декларација за патување во Австралија, во која треба да се наведе дали патувал во рок од 14 дена по пристигнувањето во земјата, тој рече дека неговиот агент несвесно штиклирал погрешно поле на формуларот.

– Што се однесува до мојата декларација за патување, таа беше поднесена од мојот тим за поддршка во мое име, како што им кажав на службениците за имиграција при пристигнувањето, а мојот агент искрено се извинува за административната грешка во која штиклираше погрешно поле за моето претходно патување пред да дојдам во Австралија, напиша Ѓоковиќ./MИА/.

Next Post

Анкета на БНТ: Расте бројот на бугарски граѓани кои сметаат дека Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk