Украдени се 15 решетки на сливници од улиците во Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје, упатува апел до граѓаните да не се крадат решетките од сливниците.
„Во текот на изминатите неколку дена е извршена кражба на 10 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 5 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок.“, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, апелира до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатите неколку дена. Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.





