ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЕСЕ: Намалувањето на смртноста од рак на грло на матка ќе се спречи со скрининг на 80 % од жените на возраст од 24 до 60 години

January 13, 2022 11:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Северна Македонија само во 2017 година се изгубени 574 години на живот помеѓу жените, поради предвремена смртност од рак на грлото на матката, покажуваат резултатите од анализата на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ).

– Поради ненавременото дијагностицирање на ова заболување, Фондот за здравствено осигурување годишно троши најмалку 29 милиони денари за лекување на жените каде што карциномот е откриен во напредна фаза. Жените кај кои ова заболување е откриено во напредна фаза годишно трошат најмалку 11 милиони денари, за трошоци кои се поврзани со заболувањето, се вели во соопштението од ЕСЕ.

Од Здружението велат дека годишните трошоци на државата и жените со рак на грлото на матка, се проценуваат на минимум 39 милиони денари. Со цел да се намали смртноста на ракот на грло на матка и да се намалат трошоците, ЕСЕ апелира дека е потребно државата да обезбеди опфат со скрининг за рак на грлото на матката на 80 проценти од жените на возраст од 24 до 60 години.

– За да се постигне бараниот опфат, бараме државата за тригодишен период да одвои 168.728.100 денари или во просек 56.242.700 денари годишно за оваа намена. Со овие средства и со доследно спроведување на скринингот ќе се спречи предвремената смртност и ќе се унапреди квалитетот на животот помеѓу жените. Воедно ќе се избегнат трошоците на товар на државата и жените, што се резултат на ненавремено откривање на ова заболување, додаваат од ЕСЕ.

Од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените велат дека целта на оваа анализа е да се утврди влијанието на карциномот на грлото на матката откриен во понапредна фаза врз животот на жените и врз трошоците поврзани со дијагностиката, лекувањето и палијативното згрижување во врска со ова заболување, од страна на државата и од страна на жените.

Анализата, насловена „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“, покажува дека со зголемување на финансиските средства наменети за оваа програма ќе се спасат животи на жените, ќе се продолжи животот на жените и ќе се унапреди квалитетот на животот, а воедно државата и жените ќе заштедат финансиски средства./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk