ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски ќе се сретне со претставници на ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија

January 13, 2022 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на државата Стево Пендаровски, на барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија, ќе оствари средба со нивните претставници во својот Кабинет. Целта на посетата и темите на разговор засега не се познати.

Барањето е испратено до Кабинетот на претседателот и позитивно е одговорено, потврдија од Кабинетот на Пендаровски за МИА, но се уште не утврден точен датум кога ќе се реализира оваа средба.

– Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, која има добиено 11 од вкупно 16 пресуди пред Европскиот суд за човекови слободи и права од Стразбур за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, на прес-конференција во Скопје на 5 ноември минатата година, рече дека општото начело е сосема јасно и дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот.

– Прашањето што го поставувате е прашање што се однесува на спроведувањето и извршувањето на судските одлуки и важно е да се потсетиме дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надзира спроведувањето. Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.

Таа обврска, додаде тој е недвојбена и јасна. – Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано на заедничката прес-конференција во ноември во Скопје со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на министерскиот совет е да го следи процесот.

– Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено еден избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје.

Комитетот на министрите на Советот на Европа, во јуни минатата година изрази загриженост и побара од бугарските власти да обезбедат информации за овие случаи до 1 декември 2021 година, како и да се продолжи со разгледување на спроведувањето на пресудите од ова група на предмети за време на состанокот во март 2022 година.

Во својата одлука, Комитетот на министрите на Советот на Европа, по предметите ОМО Илинден и другите против Бугарија,  најпрво потсетува дека оваа група на случаи се однесува на неоправдано одбивање од страна на судовите, помеѓу 1999 и 2015 година, да регистрираат здруженија кои имаат за цел да се добие признавање на „македонското малцинство во Бугарија“, одбивања засновани врз разгледување на националната безбедност, заштитата на јавниот ред и правата на други (претпоставени сепаратистички идеи) и уставна забрана за здруженија кои извршуваат политички цели, како и непочитување на формалните законски барања (прекршувања на член 11).

Комитетот на министрите во својата одлука ја изразува својата  длабока загриженост дека, и покрај усвојувањето на Привремената резолуција CM / ResDH (2020) 197 при последното испитување на овие случаи, најновите апликации за регистрација иницирани од здруженијата на апликантите откриваат нови проблеми поврзани со навидум неконзистентна апликација на формалните законски барања или се потпираат на основи поврзани со целите на здруженијата што ги бараат, пристап кој постојано беше критикуван од Европскиот суд. Во во овој контекст, КМ на СЕ ги повика бугарските власти да го разјаснат постоењето и влијанието на практиката што се состои во тоа што здруженијата се обврзуваат да се регистрираат според статутот на здруженија од јавен интерес.

Next Post

Попоски: ДПМНЕ уште еднаш се обрука пред Вевчани и јавноста (ФОТО)

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk