ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Путин во потрага по наци-сталинистичкото наследство на Советскиот Сојуз

Главното барање на Русија се состои во тоа НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. Од тогаш до сега, членки на НАТО станаа 13 земји, меѓу кои и Северна Македонија и сите балкански држави, освен Грција. На таа листа се и државите на поранешниот Варшавски пакт и поранешните советски републики кои Сталин ги анектира во 1940 година

January 13, 2022 09:40
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Разговорите за војна и/или мир што, по барање на рускиот државен врв, ги започнаа САД и Русија на 10 јануари во Женева, се најдобрата вест што можеше да ја прочита светот на почетокот од неизвесната 2022 година. Осумчасовните тензични разговори меѓу американските и руските дипломати не доведоа до компромис. Разликите се непомирливи. Сè уште. Без оглед на тоа, добро е што проговори дипломатијата, а не заглушувачкиот татнеж на воените машинерии. Исходот од разговорите што продолжија меѓу НАТО и Русија во Брисел на 12 јануари, беше ист.

„Русија секогаш само се брани, никогаш не напаѓа“

„Нема причина за страв од некој вид сценарио на ескалација“ – им изјави на новинарите Сергеј А. Рјабков, рускиот шеф на делегацијата од руското министерство за надворешни работи, видно изморен од долгата средба со делегацијата што ја води заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман. Тој кажа и дека Русија нема намера да ја нападне Украина. Никој и не се сомневаше дека тоа ќе го каже.

„Русија секогаш само се брани, никогаш не напаѓа“ – би гласел ироничниот превод на оваа изјава.

Светот ги слушна истите изјави и од Александар Грушко од руското МНР, по четиричасовните тензични разговори во Брисел меѓу НАТО и Русија. Уште пред првата „рунда“ во Женева, беше очигледно дека нема да се приближат ставовите ниту во Брисел, а ниту по разговорите под покровителство на ОБСЕ во Виена, на 14 јануари. Тие беа „фотокопија“ од ставовите на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, што ги прочитавме во интервјуто за „Росија Сегодња“ на 31 декември 2021 година.

Само Путин знае (ако знае)

Веројатно ќе има уште средби, освен ако Путин не издаде команда за „одбрана“ и навлезе со своите војници на украинска територија. Во ексклузивното интервју за авторот на овие редови, украинската амбасадорка информира дека вдолж границата, во моментов (13 јануари 2022), се распоредени 122.000 руски војници.

Едно е извесно – руска воена инвазија нема да се случи сè додека дипломатите седат на зелената маса.

Сепак, додека руските дипломати неубедливо изјавуваа дека Русија нема намера да ја нападне Украина, руските воени хеликоптери, на 10 јануари, надлетуваа над неколку зони на границата со Украина. Тоа беше сигнал дека воената операција за напад на Украина се во тек. Утредента, на 11 јануари, руските тенкови и пешадија изведоа воени вежби со боева муниција.

Што навистина ќе се случи, веројатно знае (ако знае) само Владимир Путин, неприкосновен владетел на Русија од 1999 година.

Трикови и тактики

Впрочем, некогашниот агент на КГБ ужива во тоа да се обвива со вел на мистериозноста. Путин постојано ја држи светската јавност во состојба на нелагодно исчекување. Неговите изјави често ги шокираат западните дипломати.

Што и да кажат руските претставници Рјабков, Грушко или некој друг на преговарачката маса во Женева, Брисел, Виена или на било кое друго место, на крајот тие изјави се само дел од триковите и тактиките, а не се цврсто утврдени принципиелни ставови на Путин и неговите воени и пропагандни генерали.

Со други зборови, изјавите од Кремљ или од самиот Путин се само тактички потег на шаховската табла. Не вистински став, туку само маневар, со кој се предизвикува илузија, за да се зашемети противникот. Бидејќи ставовите и принципите се поврзани со стратегијата за хегемонија и владеење на цврстата рака.

Целосно непомирливи позиции

Но колку и да сака да остане мистериозен, Путин не може да ги скрие своите вистински намери, планови и фрустрации. Светот го познава веќе 22 години.

Во анализата на ЦивилМедиа, како и во интервјуто со украинската амбасадорка Наталија Задорожњук, се откриваат сите важни позиции на Русија, од една страна и ставовите на САД, НАТО и западните демократии, од друга страна. Тоа се целосно непомирливи позиции.

Ако до воена агресија не дојде, тоа ќе биде само поради проценката на Путин дека санкциите од Запад и големиот број ковчези од боиштето ќе му донесат повеќе штета отколку корист за неговата клика. Ништо друго.

Агресијата врз Украина трае од 2014 година. На тоа му претходеа бројни провокации и притисоци од Кремљ и авторитарното владеење на рускиот марионетски претседател Виктор Јанукович. По Мајданската револуција (2013-2014) во која загинаа околу 80 луѓе во судирите меѓу полицијата и демонстрантите, наместо да продолжи по патот на слободата и евроатлантските интеграции, Украина беше цел на воена агресија.

Главното барање, повлекување на НАТО во границите пред 1997 година

Путин не може да им прости на западните демократии за влијанието што го извршија кое доведе до распад на СССР и Варшавскиот пакт. Во долгите години од неговото авторитарно владеење со Руската Федерација, студениот и пресметлив Путин израсна во архинепријател на демократијата и на Западот. Најголемата, ако не и единствена цел му е да ја врати „старата слава“ на Советскиот Сојуз во чии пазуви тој го започна својот поход кон врвот како талентиран агент на КГБ.

Главното барање на Русија се состои во тоа НАТО да се повлече во границите пред 1997 година. Од тогаш до сега, членки на НАТО станаа 13 земји, меѓу кои и Северна Македонија и сите балкански држави, освен Грција. На таа листа се и државите на поранешниот Варшавски пакт и поранешните советски републики кои Сталин ги анектира во 1940 година.

Source: BBC

Историјата забележа дека окупацијата на прибалтичките држави во 1940 година беше дел од наци-советската алијанса меѓу Сталин и Хитлер и пактот кој го потпишаа Молотов и Рибентроп. Путин се обидува да го врати влијанието во земјите кои се наследство од ерата нацизмот со кој Сталин беше во срдечна прегратка до почетокот на операцијата „Барбароса“ на 22 јуни 1941 година.

По овој краток поглед кон историјата, може да стане само уште појасно со какви амбиции (на Путин) се соочува светот.

Македонскиот контекст

Јасно е и зошто Русија, преку својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и руската амбасада, вредно работеа на минирање на сите процеси за демократизација и излегување на Северна Македонија од меѓународната изолација во која ја турна режимот на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Во една прилика во мај 2018 година, среде Скопје, ни помалку ни повеќе, туку на настан на Факултетот за безбедност(!), тогашниот руски амбасадор Олег Шчербак отворено ѝ се закани на нашата земја, на нејзината сувереност и безбедност, доколку продолжи со приближувањето кон НАТО. Тоа е само еден од бројните примери за грубото руско мешање во внатрешните работи на Северна Македонија. И ехо на отворените закани кои доаѓаа и од самиот Лавров.

*

Украина буквално со крв ја плаќа својата слобода и сувереност, под постојан напад од Путиновиот милитантен режим и со руска чизма на голем дел од својата територија. Околу 14.000 луѓе од кои 3.300 цивили, загинаа во борбите меѓу руската армија и проруските сепаратисти во окупираните подрачја на Украина од 2014 година до сега.

Ако Путин одлучи да нападне, воено-политичкиот пожар овојпат се заканува да го зафати целиот свет.

 


Текстот е личен став на Авторот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Noam Revkin Fenton/Flash90

Натанјаху за личната „цена“ во војната со Иран: Поради ракетните закани син ми два пати ја одложи свадбата

June 20, 2025
Фото: МИА

Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари

June 20, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ирански хакери повторно се активираа во Албанија, хакирана страницата општина Тирана; Бериша најави масовни протести; Косовските граѓани сакаат политички консензус

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk