ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

January 13, 2022 15:54
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: Мета

Фото: Мета

Share on FacebookShare on Twitter

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува прогноза за идни случувања до 2000 година, кои не се остварија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост на Фејсбук во кој базирано на видео материјал кој трае две минути, авторот заклучува дека „ковид пандемијата е испланирана пред 1995 година и дека тоа е поврзано со 5Г“.

Јас одамна пишувам за отровите, запрашувањето, ГМО храната, короната и 5 Г, честопати со неверување ги следевте моите објави!!! Но, еве ви сега јавно признавање уште од 1995 година што се ни прават а вие и понатаму немојте да верувате, молчете и трпете. Подобар доказ од ова и од тоа што ни се случува и што ќе ни се случува здравје!!!, се вели во објавата предмет на нашата рецензија.

Што има во видеото?

Во видео материјалот свое излагање односно говор има францускиот теоретичар на заговори, Пјер Жилбер. Во говорот Жилбер се осврнува на настаните, кои, според него, ќе се случат до 2000 година.

Загадувањето кое ќе го ставиме во крвта и вените ќе го присили човештвото да прими вакцини. Ќе се создадат инфекции намерно и ќе создадат закони со кои ќе се обврзат граѓаните на вакцинација, да мора да прифатат вакцини. Во тие вакцини ќе биде присутно сè за да може да бидете контролирани. Во вакцините ќе вметнат течни кристали, што ќе се задржат во вашите мозочни ќелии и ќе се претворат во микро приемници на електромагнетни полиња, кои, пак, ќе бидат испратени со ултразвучни бранови на многу ниски френвенции. Со тие бранови ќе спречат да мислите и ќе ве направат зомбија, вели Жилбер (00:00 – 01:01 мин. од видеото).

Тој понатаму (01:12 – 01:35 мин.) во говорот, исто така, вели:

„Сетете се што се случи во Руанда во 1994 година. Колеж на 1 милион луѓе за 3 месеци со секири, ножеви и мотики. И конечно, постојат концентрациони логори изградени од Обединетите нации. Имам слики од логорите во Северна Америка.  Во овие логори ќе ве примат вас, кои не се согласувате со дефиницијата за тоа што е нов граѓанин“.

Погрешна и небулозна прогноза

Жилбер е од Квебек, се идентификува како акупунктурист, кој живеел во САД и на Бахамите. Видеото во целост трае 10 минути и е снимено во 1996 година.

Во севкупниот материјал тој објаснува дека нов светски поредок, наводно до 2000-та година, ќе спроведе контрола над луѓето. Ова лажно тврдење и предвидување се покажа како невистинито и во 2000 година, но и повеќе од 20 години подоцна се злоупотребува, овојпат во контекст на ковид-19 пандемијата, во обид таа да се претстави како да е нешто испланирано за контрола на умот.

„Во врска со изнесеното тврдење на Џилберт дека во мозокот ќе имаме течни кристали, таа е неоснована зашто течните кристали не се рецептори за електромагнетно поле. Течните кристали се кристални структури кои во супстратот ја менуваат ориентацијата во зависност од температурата или притисокот, што се рефлектира во модифицирање на НИВНАТА БОЈА ИЛИ РЕФЛЕКСИЈА“, вели за АФП, Хелен Галиг, специјалист за електроника и комуникации.

Таа додава дека такво нешто не е можно зашто, за да може микроприемник да трансформира звучни зраци во електромагнетни, тој треба да има вградено батерија, што ја нема во течните кристали. Вакцинацијата не е принудна, туку доброволна. Тоа значи дека кој не сака не мора да се вакцинира, а тој што сака да се вакцинира, потпишува изјава за согласност.

„Ништо што би можело да се нарече течен кристал не постои во вакцините против ковид-19. Единствено постојат минерални соли кои дислоцираат раствор на јони, но тоа во ниеден случај не е течен кристал, туку стабилизатор на вакцината, кој се користи со децении“, вели Јелена Калиниќ, новинар, која известува за наука.

Во Руанда немало примена на технологија за контрола на умот

Џилберт говори дека она што се случило во Руанда е „доказ“ за технологијата на контрола на умот што ги претвора луѓето во зомби.

Но, во Руанда не е применета таква технологија, туку во 1994 година таму се случи геноцид кога екстремистички милиции на Хуту етничката група масовно убиваа припадници на малцинската етничка група Тутси (но и умерени Хуту припадници, како и припадници на трета етничка група – Туа). Во 100 дена. колку што траеше судирот, убиени беа околу еден милион припадници и од Тутси и од Хуту етничките групи. Да се стави геноцидот во Руанда во контекст на контрола на умот со зраци, е во најмала рака неумесно.

Тврдењето пак, дека ОН изградиле концентрациони логори во САД нема никаква допирна врска со реалноста. Обединетите нации не учествуваат во изградба на концентрациони логори, туку активно се борат против нив преку активен ангажман на оваа организација да се решат прашањата со концентрационите логори во Кина, на пример

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина, оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека ОН учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува прогноза за идни случувања до 2000 година, кои не се остварија, пишува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

САД изврши три напади на ирански нуклеарни постројки, Фордо го нема, објави Трамп

June 22, 2025

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

June 22, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk