ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Беким Сали: Силно ќе се посветам на заложбите да го пополниме јазот меѓу здравството какво што е, и здравството какво што сакаме да биде

January 17, 2022 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Длабоко сум свесен за огромната одговорност што ќе ја имам како министер за здравство на Република Северна Македонија, особено во период во кој што се соочуваме со најзголемиот предизвик – пандемијата и нејзините последици, изјави новиот министер за здравство, Беким Сали на денешното примопредавање на функцијата.

„Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу здравството какво што е и здравството какво што сакаме да биде.

Ќе продолжам таму каде што застанале моите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано. Ќе сторам се’ што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале.

Создавањето силен здравствен систем за мене претставува добро и сеопфатно дефинирање на проблемите и системските недоследности и координиран и навремен пристап околу решенијата.

Приоритети во мојата работа како министер ќе бидат, пред се’, превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем  и доброто раководење со нив, како и координацијата и конзистентноста во унапредувањето и спроведувањето на политиките на работа. Освен тоа бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал.

Во сево ова клучна е координацијата и соработката на сите нивоа и со сите релевантни чинители. Работејќи заедно ќе си помогнеме и себеси и на граѓаните. Во ниту еден момент не смееме да заборавиме дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството.

Мојата работа ќе ја вршам максимално транспарентно, одговорно и со отворен пристап во комуникацијата со јавноста, а пред се’ со вас медиумите, кои што играте клучна улога во правилното, навремено и урамнотежено известување на граѓаните“, изјави Сали.

Next Post

Николовски ја презема функцијата министер за земјоделство

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk