Досегашниот премиер Зоран Заев утрово во Владата му ги предаде премиерската функција и кабинетот на новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски. Владата на Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и ниту еден возрджан, истата брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП. Расправата за избор на новата влада во Парламентот траеше два дена.
Ковачевски синоќа пред пратениците, говорејќи за спорот со Бугарија, рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.