ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски ја презема функцијата министер за земјоделство

January 17, 2022 15:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Љупчо Николовски денеска и официјално ја презема функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Примопредавањето беше организирано на откупен пункт за тутун во Драчево со што беше испратена пораката дека на првиот човек во ресорот местото не му е во канцеларија, туку на терен, меѓу земјоделците.

Функцијата на Николовски му ја предаде заменик-министерот Трајан Димковски.

-Продолжуваме со работа, силно и посветено. Секогаш ќе бидеме на терен со земјоделците, секогаш ќе го слушаме нивниот глас и ќе бараме решение за проблемите. Силно ќе се борам во Владата за секој еден сектор во рамки на земјоделството, да ја зголемуваме поддршката, да правиме нови реформи, да се грижиме, да има повеќе пари за земјоделството, да има подобар пласман, земјата да продолжиме да ја даваме на вистинските земјоделци, да имаме што пониски трошоци за произвдството, истакна Николовски.

Тој најави интензивни средби со производителите. Целокупното земјоделско земјиште, рече, ќе биде ставено во функција, ќе продолжи грижата за младите земјоделци, ќе се изградат модерни откупно-дистрибутивни центри и ќе продолжат инвестициите во овој столб на македонската економија.

-И овој прв ден го почнуваме не од Министерството, туку на терен и ќе продолжиме секој ден со интензивни теренски средби со земјоделците. Само така може да ги дознаеме вистинските проблеми и да наоаѓаме решенија, рече министерот.

Според него, македонскиот земјоделец по 11 години го доби заслужениот статус во општеството, неговиот труд е препознанен и вреднуван.

-Од јуни 2017-та се воспостави пракса на навремена и неселективна исплата на субвенции. Земјоделците прв пат почнаа да ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, пред почетокот на новата производствена сезона. Прв пат за тутунарите го воведовме моделот на повисоки субвенции по класи, донесовме нов Закон за тутун и тутунски производи, се укинаа евидентните листови, се уреди и регулира производството, прометот и контролата на електронските цигари. Се зголемија развојните субвенции за 20 отсто. Прв пат се воведе мерката „зелена нафта“, за 50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на нафта. Решивиме деценски проблеми на земјоделците што се таложеа со години, како што беше исплата на долгот од Повардарие кон лозарите. Се спроведоа многу огласи, за земјата да биде кај вистинските земјоделци. Ги мотивиравме младите земјоделци да придонесуваат за овој сектор преку воведување грантови од 20.000 евра, на жените земјоделки грантови од 3.000 евра. Почнаа крупни капитални инвестиции во водстопанството. Северна Македонија прв пат стана лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови, потенцира Николовски.

Димковски претходно изјави дека Николовски одлично го познава секторот земјоделство со оглед дека веќе ја извршуваше функцијата министер во овој ресор каде повторно се враќа.

-Мене ми е многу драго што имам чест токму јас да му ја предадам функцијата на новиот министер. Пред две години, тој мене ми искажа доверба да продолжам да го водам секторот на негово место, а еве денес токму Николовски се враќа на министерското место, рече Димковски.

Тој искажа силно уверување дека новиот тим ќе продолжи да работи посветено за завршување на почнатите проекти и дека сигурно ќе креира нови мерки и нови проекти за развој на земјоделскиот сектор.

Николовски и Димковски посочија дека и во наредниот период, Владата со преку 200 милиони евра ќе ја продолжи поддршката за развојно и одржливо земјоделство.

извор: МИА

Next Post

Јетон Шаќири ја презема функцијата министер за образование и наука

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk