ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски-Ѓоргиевска: Овозможуваме бесплатни стоматолошки услуги за децата од социјално ранливите категории во Центар

January 18, 2022 13:43
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со првата дама, Проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска, која е раководител на катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет на УКИМ, деканот Проф. Ќиро Ивановски и Проф. Д-р Сања Панчевска, продекан на настава при Стоматолошкиот факултет во Скопје, известуваат од Општина Центар.

Повод на средбата е проширување на соработката за нега на оралното здравје, која оваа година за првпат ќе ги опфати и децата од прво до деветто одделение од социјално ранливите категории во сите основни училишта во Општина Центар. Преку оваа соработка децата ќе може да одат на прегледи, но и да користат услуги како поправки на заби или изработка на протези во рамки на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Периодот на користење на овие услови се однесува од февруари до јуни и од октомври до јануари, со вкупен износ од 50 000 денари.

„Оваа соработка е исклучително важна затоа што четкањето заби треба да стане секојдневнарутина кај децата уште од мали нозе. Оралните болести претставуваат проблем кој може да влијае на квалитетот на детскиот живот, вклучувајќи го целото нивно здравје. Затоа, целта на оваа соработка е да се подигне свеста и да се поттикне семејството и заедницата да преземат мерки за намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат оралните болести. На овој начин децата ќе научат како правилно се четкаат забите, како се одржува оралната хигиена и колку е важно оралното здравје“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Од Општина Центар известуваат дека на средбата била продолжена соработката со Стоматолошкиот факултет кај децата од 3 до 6 години од предучилишните установи во Општина Центар, како и кај учениците од прво и второ одделение од сите основни училишта во општината.

Оваа соработка се однесува на предавања, но и практични вежби во градинките и училиштата од стручни лица од Стоматолошкиот факултет, за начинот на четкање на забите, правилното одржување на оралната хигиена и влијанието на здравата исхрана врз целокупното орално здравје.

Next Post

ССМ: Недела ден на неделен одмор е реалност и согласно со Уставот

НАЈНОВО

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум „мешетарел“, изјавата е целосно одлепена од реалноста

November 10, 2025

Ѓоковиќ сака да се пензионира по Олимписките игри во 2028 година

November 10, 2025
Фото:МИА

Триесет и еден питомец и 28 слушатели положија заклетва на Воената академија

November 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Непознавањето на албанскиот јазик на Јаневска не треба да води до фрустрација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk