„Ми претставува задоволство и голема чест што денеска сум домаќин на владина делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петров, кои се во официјална посета на Република Северна Македонија“, објави на Фејсбук премиерот Ковачевски.
Исто така напиша дека денешните средби ја истакнуваат важноста на интензивната соработка и дијалогот меѓу две соседни земји, базиран на европските вредности и меѓусебното почитување.





