„Релевантни меѓународни институции ја рангираа Северна Македонија како најбезбедна од земјите од Западен Балкан, со скок од 71. место на 40. место во период од 2017-2021. Имено, во 2017 година на стратешко ниво го поставивме мотото „МВР за граѓаните”, со што го воспоставивме и концептот полиција – сервис на граѓаните“, изјави Спасовски во интервју за МТВ.
Спасовски вели дека денес, професионалноста и посветеноста се водилки во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Цврсто е уверен дека напредокот на Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба.
„Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните“, истакна Спасовски.





