-Не станува збор само американските, туку се најави суспензија на летовите и од британски авиокомпании, Емирати од Дубаи, Ер Индија, кои всушност прават прекуокеански летови, изјави стручниот соработник на Утрински брифинг Христијан Тасевски говорејќи околу тоа зошто авиокомпаниите се спротивставуваат на безжичните компании за 5G?
-Кога зборуваме за 5Г технологијата убаво е да кажеме дека сите предности, маани, како и контроверзи кои доаѓаат од оваа технологија се поврзуваат со фреквенцијата која ја зрачат сигналите. Доколку направиме некоја поделба – имаме сигнали со ниско ниво кои што влегуваат во 5Г технологија, но се многу блиски со карактеристики со 4Г и како што се зголемува фреквенцијата на сигналот, така доаѓаат оние предности како што се брзина и да се опслужуваат повеќе корисници во исто време, вели Тасевски.
-Средната фреквенција која што се смета за најоптимална и каде што почнуваат да чувствуваат бенефитите од технологијата, но истовремено се прави и баланс со далечината која што можат да ја постигнат се смета 3.5 гигахерци, но целиот домејн е од 3.4 до 4, појаснува Тасевски.
-„AT&T“ и „Verizon“ како едни од најголемите телекомуникациски компании во САД имаат откупено сегмент од 3.8 до 3.98 гига херци, а веќе од 4.2 почнуваат да функционираат овие инструменти кои ги користат авионите со цел да комуницираат со радарите. Проблемот доаѓа што разликата е во многу блиска граница помеѓу двата сигнали и се сомневаат и не се спремни да ризикуваат, додава Тасевски.