Лео Фере
Оружја, бувови, светулки,
што мора често да се чистат
од задоволство,
што треба да се погалат, божем од задоволство,
оној другиот, оној што ги заведува причесничките.
Оружја, сини како Земјата,
што мора да се чуваат на топло
на дното на душата,
во очите, во срцето, во прегратките
на една жена,
што ја чуваме длабоко во себе
како што чуваме мистерија.
Оружја, засолнети од виделината,
под тревата, на небеси,
па и во писанијата,
кога на сон доцна идат
додека читате
и ги зачинуваат говорите со поезија.
Оружја! Оружја! Оружја!
И поети на располагање на чкрапалото,
за да ги пламнат последните цигари,
на крајот на еден француски стих,
блескав како солза…
Оружја…
Оружја…
Оружја…
Лео Фере (1916-1993) е поет, пијанист и композитор по потекло од Франција и Монако. Песната “Оружја” е напишана во 1963 година, но музички остварена од страна на Noir Désir (француска рок-група) во 2001 година.
избор: Тања Кармзова Костиглиола