Полициски службеници од СВР Битола вчера и денеска во периодот од 22:00 до 04:00 часот спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол . Притоа, контролирани биле 248 возачи, при што откриено присуство на алкохол било кај 11 возачи. Истите веднаш се исклучени од сообраќајот и поднесени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.
На подрачјето на СВР-Тетово, пак, синоќа од 22 часот до четири часот изутринава при полициска контролата откриени и санкционирани се 17 возачи во Тетовско под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции.
Во истиот период од Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол, при што е констатирано дека 15 возачи управувале моторни возила под дејство на алкохол Од МВР додадоа дека од нив шест во Струмица, пет во Гевгелија и четворица во Радовиш управувале моторни возила под дејство на алкохол и истите се соодветно санкционирани.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
J. Ѓ.