Како дел од програмата на посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија, тој и премиерот Петков положија венци свежо цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј.
Премиерите Ковачевски и Петков, во рамките на официјалната посета на делегацијата на Владата на Северна Македонија на Софија, го посетија Македонскиот културно-информативен центар во главниот град на Бугарија за официјално да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА), во Софија.
Во овој момент се во посета на ректоратот на Софискиот универзитет, јавува новинарката на Фронтјалн која е во Софија, Мартина Ацковска.
Пред вечерата, премиерите и дел од владината делегација ќе го посетат и Харвардскиот аудиториум на Софискиот универзитет и ќе се сретна со ректорот.
Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи владината делегација во официјалната посета на Бугарија, попладнево со највисоки државни почести беше пречекан на плоштадот „Александар Невски“ во Софија.
Од Софија известува Мартина Ацковска