Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ. Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна и ја имаат издржано казната, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
– Од ВМРО-ДПМНЕ очигледно не можат да се воздржат од пласирање на невистини и конструкции. Денешниот Извештај на Транспаренси интернешнл потврдува дека законите важат за сите. Една од главните причини за напредокот од 24 места е тоа што земјата има преземено конкретни чекори за кривично гонење на високи функционери од власта.





