ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Илиев: Изградбата на ГП „Клепало“ меѓу Бугарија и РСМ ќе има големи економски придобивки за регионот

January 26, 2022 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на граничниот премин „Клепало“ меѓу Бугарија и Република Северна Македонија ќе има големи економски придобивки за регионот, изјави во интервју за БТА градоначалникот на општина Струмјани Емил Илиев.

За забрзување на градежните работи на граничниот премин се догоорија вицепремиерот и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов и неговите македонски колеги – министрот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и за локална самоуправа, Горан Милевски, соопшти Министерството за регионален развој и јавни работи.

Министрите учествуваа на состанокот на работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување како дел од владиниот состанок меѓу двете земји.

Веста наидува на исклучително позитивен став и поддршка, рече градоначалникот на општина Струмјани, на чија територија се наоѓа идниот граничен пункт.

-Проблемот е што за овој граничен пункт разговорите се водат 40 години и во одреден временски период трпат развој или запирање, коментира Илиев.

Очекувањата и надежите кои ги искажа општинскиот градоначалник се дека ќе се исполнат договорите и ќе почнат градежните активности.

-Проектот е од голема економска придобивка и е предуслов за развој на општината, рече Илиев.

Во Струмјани главната егзистенција е лесната индустрија, главно работилници за шиење, оранжериско производство, земјоделство и сточарство, како и екстракција и преработка на мермер и карпи и материјали за обложување. Општината не е богата со ресурси, но отворањето на граничниот пункт „Клепало“ ќе го зголеми протокот на туристи и ќе ја поттикне трговијата од двете страни на границата, додаде градоначалникот Илиев.

Освен подобра размена на човечки ресурси и капитал, изградбата на граничниот премин позитивно ќе влијае и на унифицирање на стандардот во општинскиот центар и останатите дваесет и едно село лоцирани во општина Струмјани. Тоа веќе се гледа со реновирањето на патниот правец од трета класа Струмјани – Раздол.

-Сведоци сме овие три години на ефектот од развојот на инфраструктурата со асфалтирањето на делницата од 24 километри пред граничниот премин. Со овој нов асфалтиран пат луѓето почнаа да се враќаат во сабота и недела, туристичка активност како организиран велосипедизам , авантуристички туризам и повторно откривање на убавините на Малешевско-огражденскиот регион, додаде Емил Илиев.

Обезбедувањето врска меѓу општините Струмјани и Берово, лоцирани од двете страни на границата, ќе го ревитализира регионот и ќе има корисни ефекти врз соработката меѓу државите, додаде градоначалникот на Струмјани. Придобивките ќе бидат за малите и средни бизниси во областа, но индиректно во многу поголеми размери, додаде тој.

-Со ова ќе се обезбеди подобра поврзаност меѓу општините од централниот дел на Република Северна Македонија и Санданско-Петричкиот регион и во правец на Кавала и Атина во Република Грција, рече Илиев.

Изградбата на новиот граничен премин ќе се финансира со 10,3 милиони евра од Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Северна Македонија во периодот 2021-2027 година, соопштуваат од Министерството за регионален развој и јавни работи. По него ќе бидат завршени и рехабилитирани патиштата кои водат до границата од Струмјани и Берово.

Министрите од двете земји, исто така, ги наведоа чекорите за забрзување на изградбата на граничниот премин „Клепало“.

Првата формална средба на Мешовитата експертска комисија за утврдување на нејзините параметри се очекува до крајот на февруари

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Нови 2019 случаи на Ковид, оздравени 973 пациенти

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk