ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи

February 1, 2022 14:23
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава: на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква.

На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и за изборот на новата Влада, како и благодарност за денешниот прв состанок, организиран на највисоко политичко ниво, што е оценет како достоинствено внимание кон верските заедници и продолжување на добрата соработка со Владата.

Премиерот Ковачевски рече дека добрата соработка со верските заедници ќе продолжи, со почит кон сите, дека нема нерешливи прашања кога се работи според принципот на почитување и дијалог и дека тој како премиер и оваа, политички стабилна Влада, се определени да ги продолжат и унапредат ефикасните политики, што даваат резултати во полза на сите граѓани.

Заеднички е констатирано дека успешната изградба едно општество за сите, во последниве години, е придобивка за сите граѓани, а во таа насока е истакната и добрата соработката меѓу верските лидери, како придонес во воспоставувањето меѓусебна доверба и почитување меѓу заедниците.

Од страна на сите верски лидери присутни на средбата е изразена поддршка премиерот Ковачевски и Владата да продолжат да работат како што е почнато, со отворен, чесен и достоинствен приод кон актуелните теми од важност за граѓаните и за добрата иднина на земјата.

На состанокот се разгледани повеќе актуелни прашања, коишто беа истакнати како важни од страна на претставниците на верските заедници, присутни на средбата.

Next Post

Реториката на историчарите од Софија ја отежнува работата на Историската комисија, смета Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk