20 повредени лица е билансот од денешната сообраќајна несреќа која се случи на Краварски пат.
Како што информираат од Клиничката болница Битола, од 20-те повредени, 6 биле со потешки повреди, 14 лица со полесни повреди и до некаде после 18:00 часот ниту едно од повредените лица не било хоспитализирано.
Тие се прегледани на дел од одделенијата во Клиничката болница.
По сообраќајната несреќа првично во болницата пристигнале 10 патници, потоа бројката се зголеми за уште 9 и последната информација е дека бројот на повредени е 20.
Сообраќајната несреќа се случи нешто пред 14:40 часот кога и било пријавено во битолската полиција.
Во незгодата учествувале комбе, патничко моторно возило и паркиран влекач