ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Наскоро ќе биде заокружена финансиската конструкција за „Безбеден град“, очекуваме системот да помогне во јакнење на јавната свест

February 3, 2022 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот.

– Во однос на „Безбеден град“ ја правиме финансиската конструкција која не е мала. Јас очекувам дека наскоро ќе ја заокружиме таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот. Ќе барам секако поддршка и од вас медиумите и од граѓаните во однос на реализацијата на овој проект, бидејќи ќе биде многу важен, бидејќи ќе го исклучиме човечкиот фактор, нема да имаме селективност во ниту еден случај, ќе биде транспарентно и јас се надевам дека тоа многу ќе помогне во подигањето на јавната свест за сообраќајната култура, генерално кај граѓаните на Северна Македонија, нагласи Спасовски.

Тој посочи дека за проектот се потребни поголеми финансиски средства, за кои очекува дека ќе бидат обезбедени и додаде дека постојат неколку модели кои ги разгледуваат.

Спасовски објасни дека тоа не мора да значи надградба на постоечкиот систем, туку може да се одлучи за друго решение – јавно-приватно партнерство, вложување во друга компанија или слично.

– Во однос на актуелниот систем на „Безбеден град“ добро е да погледате, да истражите. Ние имавме една власт до 2017 година која што вложуваше во прислушување на граѓаните и затоа јас наследив долг од 40 милиони евра ,затоа немаа полицајците униформи, затоа немаа возила, немаа други работи, бидејќи имавме таква определба која што ја имавме, а системот за т.н. „Сејф сити“ беше поврзан и се користел исклучиво за Управата за безбедност и контраразузнавање, нагласи министерот за внатрешни работи.

Тој потенцираше дека треба да се одбере опцијата која што е најповолна за МВР и за државата.

– Инаку кој и да го одбереме од тие системи ќе мора да има одржување. Тука немаме дилема. Дали ќе имаме ефикасност? Јас истакнав дека очекувам пред се системот да помогне во јакнењето на јавната свест. Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2013 имавме 198 жртви, 2021 имаме 11 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР. Од 2016 година до денеска, имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалувањето на тешки телесни повреди, на сериозни штети итн. Ова е комплексен проблем. Мора и образовниот систем да преземе дел од одговорноста затоа што сообраќајната култура се стекнува од мали нозе, меѓутоа наше е да направиме се за да го подобриме тој систем на безбедност на патиштата, посочи Спасовски.

На новинарско прашање околу информациите за јавни набавки од компании кои се на „црни листи“, министерот истакна дека сите набавки коишто се прават се објавуваат во Бирото за јавни набавки.

– Можете да извршите увид во секоја една набавка која што е направена, така што во тој дел апсолутно постапките се одвиваат многу транспарентно. Е сега, во однос на набавките коишто се во делот на безбедноста, тие се многу мали набавки и такви фирми коишто се наоѓаат на „црни листи“ во моментот не се соработници на Министерството, потнецираше Спасовски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВО ЖИВО) Министерот Сали на средбата со поглаварите на верските заедници

НАЈНОВО

Бујар Османи

Бујар Османи: Ревитализација на спортските сали и изградба на нови терени за граѓаните на Чаир

October 6, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

October 6, 2025

Од полноќ пониски цени на горивата

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk