ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Ковачевски: Брисел го потврди ставот за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ без одлагање

February 4, 2022 14:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски ја заврши дводневната работна посета во Брисел. Во изјавата за медиумите тој истакнува дека лидерите на институциите на ЕУ се едногласни во поддршката за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за отворање на поглавјата без одлагање.

Во изјавата Ковачевски подвлекува дека иднината на Северна Македонија е во европското семејство и дека тоа е иднина на највисоки демократски вредности, на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата и пат кој на младите им создава предвидливост и простор за развој.

Во продолжение на ова соопштение ви ја испраќаме изјавата во целина:

Тукушто ја завршивме последната од серија средби тука во Брисел, во рамки на работната посета последниве два дена. Драго ми е што средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен ја заокружи нашата агенда. Од Фон дер Лајен добивме јасно изразена поддршка за нашиот пат кон Европската Унија.

Овде во Брисел ги известив нашите партнери од Европската Унија за напредокот што го направивме заедно со Република Бугарија во продлабочувањето на добрососедската соработка. Јасна е и поздравена заложбата на двете земји за изнаоѓање решенија и интензивирање на дијалогот.

Низ разговори со нашите пријатели Шарл Мишел во Европскиот совет и Роберта Мецола во Европскиот Парламент, потврдена е отворената поддршка за одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Тука сите се едногласни дека Северна Македонија треба да почне преговори за членство во ЕУ веднаш.

Благодарни сме и за солидарноста покажана од страна на Европската Унија за време на целата пандемија. Низ кризите си покажавме што значи да сме Европејци и што значи за Северна Македонија да има потпора во најтешките моменти.

Нашата иднина е европска, демократска и современа. Тоа е иднината која се темели на зелената агенда, на обновливите извори на енергија, на дигитализацијата. Тој е патот кој на нашите млади им создава предвидливост и простор за развој. Во тој контекст, го поздравивме Економскиот инвестициски план за Западен Балкан како значаен чекор кој ќе значи реализација токму на таквите стратешки проекти.

Посетата ја започнавме со заедничката прес-конференција со Генералниот секретар Јенс Столтенберг во НАТО. Заедно го потврдивме единството по прашањата поврзани со Украина, и потребата од деескалирање и решавање на прашањата со Русија по пат на дипломатија. Бидејќи ние сме НАТО, а НАТО е за мир и дијалог, за сигурност и безбедност.

Ја завршуваме работната посета со средбите со драгите пријатели во Европската Унија, домот на кој му припаѓаме. Се враќаме со силна поддршка која не мотивира да го интензивираме европеизирањето дома.

Next Post

Пендаровски: Заедничко чествување е чин на добра волја од двете страни да ги олабавиме малку тензиите (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

Зеленски: Продолжуваме да ги уништуваме окупаторите, а најважно е да ги спречиме руските напади каде што е можно

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk