Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 194 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила, инфортмираат од МВР.
Изречени се 71 санкција за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло…
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.





