На средбата, германската амбасадорка посакувајќи ѝ успешно реализирање на поставените цели за време на мандатот, со вицепремиерката Грковска разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на целите и реализацијата на визијата за унапредување на принципите на добро управување, одговорност, отчетност, транспарентност и чесно работење.
Вицепремиерката Грковска истакна дека нејзина најголема определба е остварување на процесите кои се клучна алатка во борбата против корупцијата, меѓу кои дигитализацијата односно воспоставувањето на електронски систем за пријавување корупција и воспоставувањето на партнерство со останатите институции, како и преземање мерки во насока на зголемување на нивната професионализација.
Исто така соговорничките се согласија и изразија подготвеност за соработка и поддршка во насока на подобрување на мерките и законската рамка во делот на потеклото на имот и јакнење на капацитетите на финансиските институции, пишува во соопштението.
На средбата е посочено дека реформите во јавната управа и администрација со јасно утврдени надлежности и одговорности ќе помогне во остварувањето на основните и напредни принципи на добро управување како стратешки принципи на политиките на оваа Влада.







