ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Не е време за избори, туку за справување со предизвиците

February 7, 2022 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димиртар Ковачевски смета дека сега не е време за предвремени парламентарни избори, туку е време за справување со здравствената и енергетската криза, и за развој на економијата. Избори ќе има, вели, ама редовни, во 2024 година, до кога сите политички партии имаат време да постигнат консензус за укинувањето на „пржинската влада“.

-Во однос на прашањата што беа отворени во изминатиот период доминантно од опозицијата, ние како партија и јас како претседател на СДСМ и претседател на Владата веќе дадовме став дека во моментов државата се соочува со неколку големи предизвици, а тоа е прво справувањето со здравствената криза, справувањето со енергетската криза. Имавме и справување со топлинската криза во Градот Скопје, а исто така имаме и отворен процес, активен, на разговори со нашиот сосед со Република Бугарија а со цел одржување на прва меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ.  Оттаму сметаме дека оние прашања коишто не се во насока на исправување со најголемите предизвици само претставуваат дефокусирање од оние проблеми коишто се најважни да се решат за нашите граѓани, изјави Ковачевски во одговор на новинарско прашање.  

Според  него, самото барање на опозицијата за укинување на „пржинската влада“ потврдува дека во државата има демократски амбиент, каков немало во времето кога е воведена таа влада, што, како што истакна, значи дека во тоа време имало заробена држава во која администрацијата и државниот апарат биле користени во партиски изборни цели.

-Медиумите не беа оставени слободно да ја извршуваат својата работа, а денеска сите медиуми им се достапни на сите политички репрезенти било да се од позицијата, било да се од опозицијата и тоа само потврдува за тоа дека СДСМ и Владата и неговите коалициони партнери ги имаат вратено демократските принципи на владеење. Со оглед на тоа што „пржинската влада“ е договорена помеѓу четирите најголеми партии тоа значи дека и начинот на нејзиното укинување треба да се направи на истиот начин, а не со еднострано барање од една политичка партија притоа имајќи во предвид дека имаше и изјава од страна на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, односно Алијанса дека тие имаат друг поглед на тоа прашање. Од таа причина, треба работни групи да седнат и да договорат решение кое што решение ќе биде дел од Закон за Влада и кое што ќе важи за изборите 2024 година, рече Ковачевски.  

Во врска со прашањето за една изборна единица, тој истакна, дека СДСМ како партија е за вакво решение, но, како што нагласи, измените на Изборниот законик со кој се регулира ова прашање, секогаш се носеле со консензус на партиите.

-Ние сме политичка партија која што прва го поддржа концептот на една изборна единица и преку тоа го поддржавме и барањето на помалите политички партии кои се дел од коалицијата заедно со СДСМ. Но, веќе видовте дека дел од политичките партии излегоа со свое гледање за тоа како треба да изгледа изборниот модел. Јас имам свој личен став во однос на правење на изборни модели, а тоа е дека тие мора да бидат правени низ широка расправа преку работни групи кои ќе вклучуваат претставници на политичките партии, на ресорните министерства задолжени за изготвување на изборниот закон, како и експерти, вклучително и експерти од ОБСЕ/ОДИХР, рече премиерот.

На таков начин, додаде тој, ќе дојде до Изборен законик кој на најдобар начин ќе ги отсликува прво заложбите на политичките партии во државата, потоа барањата на граѓаните, но и ќе може да гарантира фер изборен натпревар и резултати. Со оглед на тоа што, како што нагласи избори ќе има во 2024, има доволно време да се формираат работни групи кои ќе работат на ова решение./MИА/. 

Next Post
Ковачевски и Петков. Фото: Ариан Мехмети

Разговорите со Бугарија да бидат во духот на европските вредности, вели Ковачевски

НАЈНОВО

Скриншот

Кац: Посетите на Црвениот крст на палестински затвореници ја загрозуваат националната безбедност

October 29, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk