Зголемувањето на минималната плата е еден од начините како да дојдеме до повисок животен стандард, но и мотивација за зголемена продуктивност и економски развој, напиша Ковачевски на Фејсбук.
– Секогаш кога постои вистински дијалог помеѓу сите засегнати страни ќе дојдеме и до вистинско решение. Целта на оваа Влада е токму тоа, да креира политики кои ќе ги земат предвид и ќе ги почитуваат правата и потребите и работодавачите и на работниците. Лично, но и како Влада се залагаме да ги исполниме ветувањата и ефикасно да работиме за да постигнеме резултати кои ќе значат поквалитетен живот за граѓаните, стои во статусот на Ковачевски.





