ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шпанија го укинува носењето маски на отворено

February 7, 2022 18:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Шпанија, каде што бројот на заразени со коронавирус е намален во последните две недели, повеќе нема да биде задолжително носењето заштитни маски на отворено, соопшти денеска шпанското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Каролина Даријас денеска се состана со претставници на 17-те автономни провинции и сите се согласија да се укине задолжителното носење маски на отворено, кое е во сила од 22 декември. Мерката беше одобрена од сите провинции освен северната Баскија, која беше воздржана за време на гласањето.

Одлуката утре ќе ја потврди шпанската влада, па Шпанците во четврток би можеле да излезат на улица без маски. Носењето, сепак, се препорачува на места каде што се собираат повеќе луѓе и каде што нема доволно простор меѓу нив.

Во Шпанија на 21 јануари имаше рекордни 3.419 заразени на 100.000 жители, но тој број во понеделникот падна на 2.300. Намалување на новозаразените лица е забележано во сите автономни провинции, кои сепак сами одлучуваат за некои мерки, како што е барањето ковид-пропусници на влезот во кафулињата и рестораните.

На денешниот состанок е договорено и да се зголеми бројот на гледачи на спортските настани, така што максимално 85 отсто од гледачите ќе присуствуваат на фудбалски натпревари и други отворени простори, а во затворените простори, каде што се игра кошарка, дозволениот капацитет на трибините ќе биде 75 проценти.

Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се заразија 10,2 милиони луѓе од вкупно население од 47 милиони жители.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: Лага е дека СЗО плаќа за евидентирање на починатите од ковид-19

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб/Давор

Поплавени домови, евакуирани домаќинства и висок водостој на реките по обилните врнежи во целата земја

February 16, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

February 16, 2026
Фото:  X

Сè почести напади со дронови врз Москва, Кијив порачува дека тоа е одговор на инвазијата врз Украина

February 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk