ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сали: Трета доза вакцина и најсигурниот штитник, пациентите со коморбидитети да се обратат кон вакциналните пунктови

February 7, 2022 19:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на граѓаните кои примиле прва доза на вакцина против Ковид-19 не е доволен, но уште понезадоволително е тоа што е многу мал бројот на оние кои примиле трета доза, која е најсигурниот штитник особено за пациентите со коморбидитети, изјави вечерва министерот за здравство Беким Сали, упатувајќи апел до ова група граѓани што побрзо да се обратат на вакциналните пунктови за да се заштитат.

– Нашите првични анализи, кои не се финални, ни даваат до знаење дека третата доза е најсигурниот и најбезбедниот штитник. Апел до сите наши граѓани, ги молиме сите што имаат коморбидитети, што побрзо да се обратат кон сите вакциналните пунктови за да се заштитат, изјави Сали во одговор на новинарско прашање, по примопредавање на првиот дел од донацијата од Италија од 250 илјади дози вакцини против Ковид-19.

На прашањето колку пари се трошат на уништување на вакцини, со оглед на тоа што кон крајот на месецот ќе бидат уништени 300 илјади вакцини, Сали рече дека сега не е момент на финансиска калкулација, но информираше дека уништување на една вијала од шест дози вакцини чини 0,29 денари.

– Сметаме дека не е момент на финансиски калкулации. Ние сме во период на една пандемија која трае, иако одредени држави веќе ја сметаат за завршена приказна, но ние се занимаваме со терцијални или секундарни работи, а приматот го забораваме. Уништувањето на вакцините скоро и да не чини многу колку што се пропагира. Една вијала која што е шест дози на вакцини чини околу 0,29 денари и мислам дека не би требало да се прави некоја политика за уништувањето на вакцини, колку што е важна навремена вакцинација на нашиот народ, додаде министерот за здравство.

Тој уште еднаш испрати апел до граѓаните да се вакцинираат за да се заштитат од вирусот.

-Ние ова не го гледаме од апсект на кампања за да ги трошиме вакцините, за да не ги уништуваме. Наша кампања е со цел заштита на здравјето на населението. Сметам дека секој од нас има изгубено близок од семејство или пријател и знаеме колкава е тага на секој од нас поради фактот што сме ги изгубиле заради немање вакцини. Мислам дека го правиме она што е најсигурно и најбезбедно за нашиот народ, рече Сали.

извор: МИА

Next Post

Пристигнаа 250 илјади дози „Фајзер“ како донација од Италија

НАЈНОВО

фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски – Автор во фокус на 60. јубилеен МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

November 4, 2025

Магла изутрина, од четврток промена – доаѓаат локални врнежи од дожд

November 4, 2025

(ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk