ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Минималната плата до крајот на мандатот ќе надмине 20.000 денари

February 8, 2022 07:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Од март минималната плата ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот минималната плата ќе надмине над 20 илјади денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши. во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

– Дијалогот вроди со плод. Од март, околу 80.000 мои, ваши сограѓани ќе добијат минимална плата од 18.000 денари. 13 проценти од вработените во нашата земја земаат минимална плата, со ова покачување им помагаме да се извлечат од прагот на сиромаштија. Европскиот стандард на луѓе кои примаат минимална плата е 3 проценти од вкупниот број на вработени, и кон тој стандард треба да се приближуваме и да работиме, напиша Битиќи.
Со ова покачување, како што посочува вицепремиерот, уделот на минималната плата во просечната плата е 62 проценти, што е највисок просек во Европа и поголем од барањето на синдикатите.
– Во март, граѓаните ќе добијат минимална плата од 18.000 денари. Како што ветивме. Владата ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината, а по дејности над 90 проценти од оние кои ќе бидат поддржани се микро и мали компании, вели Битиќи.

Државата ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината, договорија вечерва по неколкучасовни преговори синдикатите, работодавачите и Владата.

Се менуваат и критериумите за усогласување на минималната плата, односно како критериуми ќе се земат – 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на животните трошоци, а новина е тоа што отсега наместо растот на БДП како критериум ќе биде дека висината на минималната плата нема да биде пониска од 57 проценти од просечната плата објавена од Државниот завод за статистика.

– Осумдесет илјади наши работници, наши сограѓани, од различни индустрии почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, која на работниците ќе почне да им се исплаќа на почетокот на април, е мерка која во најголема мера ги опфаќа вработените во микро и малите претпријатија, трговијата, преработувачката индустрија и други важни индустрии во земјата, изјави премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-социјалниот совет.

Со договорот работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата, а државата ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15.200 денари до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари.

Next Post
МИА

Пристигнаа 250 илјади дози од „Фајзер“ донација од Италија, апели за помасовна вакцинација

НАЈНОВО

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk