ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брнабиќ-Петков: Исклучително е важно да видиме напредок на евроинтеграциите на нашите пријатели од Северна Македонија

February 8, 2022 18:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Теми на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Белград на разговорите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ беа од економски аспект, пред се на јакнење на енергетската соработка особено во поглед на гасното поврзување и инфраструктурата, како и иницијативата за зеднички енергетски и гасен пазар на регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

На почетокот на прес-конференцијата со Петков, српската премиерка кажа дека „она што е исклучително значајно, немешајќи се во внатрешни прашања на други држави и партнери е што вашата прва посета беше на Северна Македонија, што говори доволно што вие како премиер посветувате внимание на регионот на Западен Балкан и на евроинтеграциите на Западен Балкан.“

-Мене како премиер на прво место ми се евроинтеграциите на Србија, но заради регионалната стабилност на целиот Западен Балкан исклучително ми е важно да видиме напредок на европскиот пат на нашите партнери и пријатели од Севрна Македонија, секако и на Албанија и БиХ и благодарам што со тој пат покажавте исклучителна посветеност на решавањето на сите отврени прашања, за да сите имаат европска перспектива, изјави Брнабиќ.

Таа изрази благодарност до Бугарија за отварање на кластерите на Србија во преговорите со ЕУ и порача дека ја бара бугарската подршка за орварање и на кластерот три.

Брнабиќ и Петков на прес-конференцијат истакнаа дека Софија и Белград меѓу другото се заинтересирани и за заеднички гасен и енергетски пазар.

Според Петков, регионалното поврзување е важно за Софија како услов за економски развој, со акцент на енергетската поврзаност.

-Заедно сме многу посилни и во преговорите со земјите надвор од регионот, нашата поврзаност со Грција е приоритет за Бугарија за да има директен пристап до течен гас, а постои голем потенцијал за заеднички пазар на гас, изјави Петков.

Верувам дека ќе успееме во тоа во краток рок, кажа тој, додавајќи дека тоа подразбира врски со Северна Македонија и Грција кои можат да се обединат во зеднички пазар, заедно со инфраструктурното поврзување.

-Обединети ќе можеме зедно да преговараме за цените за течен гас. Бугарија сака да купи три милијарди метри кубни гас, Србија шест, Република Северна Македонија две и да имаме заеднички пазар со максимална диверзификација за да може да купуваме од различни места и да имаме подобри цени и услови што води кон подобра независност, изјави Пеков на прес-конференцијата, додавајќи дека се водени разговори и на полето на нуклерната енергија.

Премиерите на Србија и Бугарија се договорија да бидат во директен личен контакт со цел решавања на прашањата кои се однесуваат на малцинствата, а за чија подобра положба ќе придонесат гасниот интерконектор, новите патишта и железницата меѓу двете држави.

Next Post

Вистиномер: Лага е дека со одбивање вакцини ,,си ги спасувате бебињата”

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk