ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Јустинијан и Конрад од Ново Лисиче

February 9, 2022 09:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

За неполн месец од функционирањето на новава Влада на Димитар Ковачевски, би се рекло и на општо изненадување, резултатите не само што не ѝ се лоши, туку како сосема да ја потиснаа победничката пост-изборна еуфорија на опозицијата и оној нејзин лошо изведен анти-климакс со обидот тие да создадат ново мнозинство во Собранието и со блиц-криг да ја преземат власта во државата. Така, европската енергетска криза не произведе (барем сѐ уште не) тотален распад на нашево кревко стопанство; скопјани не се смрзнати; земјава напредуваше цели 24 места во перцепцијата за состојбите со корупцијата на индексот на Транспаренси; процесот за преговорите со Бугарија успешно се постави на сосема нови „шини“; Гоце Делчев ја „преживеа“ 150 годишнината од своето раѓање; се постигна договор за зголемување на минималната плата со социјалните партнери…

Всушност, фер би било да се каже дека, со оглед на општопознатите економски и политички околности, а и одиумот во јавноста, на власта одлично ѝ започна годинава. А и Заев тотално го снема, одјава кон струмичкиот залез на сонцето, секоја трага сосема му се загуби… До вчера од фрижидер по дома го вадевме.

Ова не се добри вести за опозицијата. После подолго време, сега темпото е повторно јасно на страна на власта, а „моментумот“ за предизвикување вонредни парламентарни избори, ако некогаш и реално го имало, како да е ставен „ад акта“, барем до летоска. Се изјалови жестоката „зимска офанзива“ и пропагандната кампања дека во државата сѐ е катастрофа и тотално предавство.

Токму затоа и се чини дека, во обид за „компензација“, опозицијата сега најавува дека започнува пропаганден проект со континуирано откривање на „криминалите на власта“ од претходниот градоначалнички состав на своите опоненти. Мислам дека инспирацијата им е од еден друг проект, што своевремено се нарекуваше „Вистината за Македонија“ и којшто пред пет години ги „закуца“ таму каде што и сега се наоѓаат (во опозиција). Проблемот е во тоа што се добива впечаток дека од брзање на таа тема во изминатите месеци веќе испукаа неколку бележити пропагандни ќор-фишеци – како комичнава вчерашна кривична пријава на Арсовска за „незаконски“ потрошените дури 600 евра за новогодишната кафеанска прослава на претходниот состав на Советот на Градот – што не им се добра препорака за убедливоста на доказите со кои ќе објавуваат наводни афери за бившите локални функционери од СДСМ и ДУИ. Да не излезе евтина забава за уживанција на нивната партиска публика по Фејсбук и Твитер, а со „кратки ракави“ да остане пошироката јавност која баш би уживала во сериозните докази за злоупотреби кои мора да ги има барем за некои од претходните градоначалници.

На слична тема, но „од другата страна на медалот“, е вчерашната прес-конференција на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој најави дека со асистенција на германската фондација „Конрад Аденауер“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ започнува со проектот за претворање на неговата општина како место со „нула корупција“. Од медиумските извештаи апсолутно ништо не разбрав за тоа како ќе изгледа и како ќе се спроведува таа замисла, но сето тоа ми личи многу на ентузијазмот и убавите празни зборови на Љупчо Николовски кога во владата на Заев ја измислија онаа вицепремиерска функција за борба против корупцијата, оти и тогаш се спомнуваа „интегритет“, „дигитализација“, „алатки“, „добро управување“, „ефикасен систем“, „релации“, „нула корупција“ и слично блаблабла…

А, всушност, отсекогаш се работело само за тоа дека треба да се поапсат неколку свои партиски членови со „долги прстиња“ од локалната самоуправа кога ќе им дојде времето за апсење (по игра на случајот, знам некои од батките на ВМРО од Аеродром и Ново Лисиче кои Тимчо не ќе смее ни во очи да ги погледа за доброутро); и на Зоран Ставревски, кога ќе го испрати Христијан Мицкоски во општината, да му се каже НЕ. Може ли Муцунски тоа да го направи? Не може. И џабе му се и Конрад и Јустинијан после во проектот.

Зборот ми е дека и Николовски (СДСМ) и Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ) го имаат истиот проблем за решавање со сопствените корумпирани партиски клиентели и дека во нивните партии им е секогаш полесно во туѓото око да бараат трепка, а во своето ни трупец да не можат да видат. Нема „дигитализација“ и „алатки“ што тоа слепило можат да го излечат.

 


Преземено од Цивил Медиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Двоен Трибунал

July 14, 2025
Скриншот

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

July 14, 2025

Кривичен: Сите уверенија и потврди од казнена/кривична евиденција и уверенија за вршење дејност поднесени до 11 јули се изготвени и граѓаните може да ги подигнат

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk