ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Се преговара со „Фајзер“ за набавка за лекот против Ковид-19, имунизацијата како услов за укинување на превентивните мерки

February 10, 2022 07:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
kabar24.bisnis.com

kabar24.bisnis.com

Share on FacebookShare on Twitter

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но сè уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението.

Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас е 41 процент.

– Вакцини има и се безбедни. Низ државата има околу 40 вакцинални пунктови и доволно е граѓаните само да пристапат и се вакцинираат, изјави вчера Сали.

Според министерот за здравство Беким Сали, иако сме во преговори со „Фајзер“ не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Досега во земјата вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 282.147. Бројот на оздравени пациенти е 261.741, а на починати 8.658. Бројот на активни случаи изнесува 11.748.

 

Според податоците од Министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се 1.554 нови случаи на Ковид-19, од кои околу 13 проценти или 216 се реинфекции. Истовремено, оздравени се 1.843 пациенти и пријавени се 34 починати лица.

Од вкупно починатите 34 лица, половината или 18 се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи или 55 проценти се во Скопје – 6.456.

Потоа следат Битола –  584, Куманово – 537, Кавадарци –  511, Тетово –  449, Велес –  348, Прилеп – 337, Охрид –  278, Струмица –  277, Гостивар –  290, Неготино –  174, Гевгелија –  170, Кочани – 147, Штип – 147, Кичево – 138, Радовиш – 111, Струга – 104, Валандово – 97, Свети Николе – 85, Ресен – 72, Делчево и Богданци по 67, Крива Паланка – 62, Дебар – 33, Виница – 31, Кратово – 30, Демир Хисар –  27, Македонски Брод – 24, Берово –  22, Демир Капија – 19, Македонска Каменица –  14, Крушево – 12, Пробиштип и Пехчево по 11 и Дојран шест активни.

Околу една третина од населението во Европа се уште не е вакцинирано против Ковид-19, а Бугарија е на последно место според тој индикатор, ова вчера го нагласи Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Амон учествува на онлајн семинарот „Научниот одговор на Европската унија на дезинформациите за КОВИД-19“, организиран од Претставништвото на Европската комисија во Бугарија.

Според неа, потребни се заеднички напори за да се зголеми опфатот со вакцинација.

– За време на пандемијата, обезбедуваме научни информации и докази за вакцините што можат да ги користат сите земји, а научните информации ги правиме што е можно поразбирливи, додаде Амон.

Емери Кук, извршен директор на Европската агенција за лекови, рече дека вакцините, особено бустер дозите, се многу ефикасни, особено за полесна прогресија на болеста и помалку хоспитализирани.

Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Белград, директорот на рускиот истражувачки институт „Гамалеја“ Александар Гинцбург изјави дека се водат разговори за почеток на производство на вакцина против коронавирус „Спутник лајт“ во Србија, но дека е рано да се откриваат детали. Тој истакна дека „Спутник Лајт“ е еднокомпонентна верзија на вакцината Спутник V и е препознаена како „универзален засилувач“ на другите вакцини што може да се помогне во постигнувањето на посилен и подолготрајен имунитет. /МИА/.

Next Post

Се интензивира дијалогот на работните групи, во Софија в петок состанок на експертско ниво за политичките прашања

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk