ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Со политики и стратегии продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднакви права и пристап за напредок и развој

February 10, 2022 17:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со координаторот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Северна Македонија, Спасе Додевски.

На средбата се разговараше за досегашните и идни активности на ова тело, кое во својот делокруг на делување, директно придонесува за унапредување на човековите права на лицата со попреченост.

Координаторот Додевски покрај претставувањето на работата на ова тело, се осврна на подготовката на Акциски план за 2022 година за имплементација на мерките од Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, со фокус на обврските на Министерството за труд и социјална политика, како и подготовката на нова Национална стратегија за правата на лицата со попреченост.

Министерката Тренчевска истакна дека еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика е унапредување на статусот на лицата со попреченост во нашето општество.

„Продолжуваме да градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаат еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги,“ рече Тренчевска.

Национално координативно тело предлага и доставува мислења за законски и подзаконски акти во склад со начелата на Конвенцијата на ООН. Исто така, Националното координативно тело соработува со лицата со попреченост и со нивните репрезентативни организации.

 

Next Post

Николов: Има многу можности за напредок во краток рок

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

САД ја намалуваат Националната гарда во Портланд и Чикаго по протестите

November 16, 2025

Во Тирана протест против законот за родова еднаквост

November 16, 2025
ВИ актерка

(ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk