„Денеска започнува да функционира единствениот Европски број за итни повици 112 во Република Северна Македонија и сметам дека ова е исклучително важен момент, поради фактот што на граѓаните ќе им се овозможи брза комуникација со институциите во ситуации кога тоа им е итно потребно. Воведувањето на бројот 112 е уште еден чекор напред за имплементација на европските стандарди“, истакна премиерот Ковачевски на официјалното пуштање во употреба на Европскиот број за итни повици 112 во Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски нагласи дека системот ќе биде вистинско олеснување за граѓаните, бидејќи ги поврзува во исто време: Службата за итна медицинска помош, Единиците за противпожарна заштита и за извлекување на лица од сообраќани незгоди од возила и останатите служби за итна помош и други видови на несреќи.
„Воедно во системот според највисоките европски стандарди се вклучени сите служби за итна помош и асистенција на полицијата за спроведување на ред и мир, за сообраќајот, како и за комуналните служби кои по потреба се активираат за отстранување на опасности по животот на граѓаните, поради загрозување на материјалните добра и имотот на граѓаните во државата“, рече Ковачевски.
Премиерот потенцира дека освен што овој систем обезбедува итно алармирање на еден единствен број, тој е организиран да обезбеди брза координација, акција и инетрвенција на сите служби соодветно на секоја специфична кризна ситуација.
J. Ѓ.