Според истражувањето на угледниот „Економист“, за индексот на демократија во светот, Северна Македонија е оценета како демократија со недостатоци и не е повеќе рангирана како „хибриден режим“. Нашиот индекс на демократија е подобрен за пет места што е голем успех во време кога демократијата назадува во светски рамки, според ова глобално истражување, напиша премиерот Димитар Ковачачевски на ФБ.
„Зачувување на слободата и унапредување на демократијата се високо на агендата на новата Влада. Тие се основа за целокупен развој и напредок на општеството, економијата и благосостојбата на граѓаните.
Не така одамна бевме сведоци колку е опасно кога демократски назадуваме. Токму заради претходната власт и автократското владеење бевме рангирани како „хибириден режим“. Остануваме посветени на унапредување на правата на граѓаните и медиумите градејќи слободно општество“, напиша Ковачевски.