Со натпреварот Брегалница – Ренова попладнево во Штип беше отворена пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Победија гостите од Џепчиште со 2:1.
Давид Денковски (автогол) и Виктор Серафимовски беа стрелци за Ренова, голот за Брегалница го постигна Милан Џекиќ.
Другите натпревари од 19.коло во македонскиот фудбалски шампионат се играат утре.
Двојките се:
Скопје – Борец
Македонија ЃП – Тиквеш
Пелистер – Работнички
Шкендија – Струга
Шкупи – Академија Пандев.
На табелата води Шкупи со 42 бода, пред Академија Пандев со 35, Шкен дија има 34, Ренова 30, Брегалница 29.
Извор: МИА