ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Цветанов: Руската шпионажа и дезинформации го дестабилизираат регионот на Црното Море и Западен Балкан

February 13, 2022 19:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шеф на Евроатлантскиот безбедносен центар во Бугарија, Цветан Цветанов во коментар за порталот Фактор.бг истакнува дека првпат бугарскиот претседател, премиер и министер за одбрана изјавиле оти распоредувањето на руски војници на границата со Украина е закана и за бугарската национална безбедност.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Цветанов, поранешен вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија, првпат актуелната Влада во Софија јавно објави дека сојузничките трупи на НАТО не се странски, туку можност за покријат недостатоците во одбранбените капацитети на земјата.

Во изминатите години, се водеше геополитичка битка, многу видлива во регионот на Црното Море, каде што се судираат западните сфаќања за глобалниот поредок и меѓународното право и проектирањето на силите преку воената доминација на Русија. Од 2014 година, Цветанов потсетува дека Русија покажала зголемена агресија во регионот на Црното Море и потсетува на настаните во Грузија во 2008 година, анексијата на Крим во 2014 година и поддршката за сепаратистите во Источна Украина, и коментира дека Бугарија не оценила дека тоа е закана за нејзината национална безбедност.

Цветанов потсетува дека во 2016 година владата во Софија одби да ја поддржи иницијативата на Романија за обединување на поморските сили на своите сојузници во регионот и изградба на регионална сојузничка оперативна флота за патролирање во Црното Море. За разлика од Бугарија, Романија и Турција имаат конзистентна и основана проценка за предизвиците и заканите за регионалната безбедност во Црното Море.

Тој потсетува дека Бугарија во 2019 година продолжила да „балансира“ меѓу Русија и НАТО, што ја доведува во прашање нејзината лојалност кон Алијансата, и додаде дека Русија преку нејзините високо рангирани агенти на влијание, успеала да го задржи своето економско и политичко влијание. Цветанов истакнува и дека претходната влада на Бугарија во 2019-2020 година го изгради гасоводот Турски поток, што создаде сериозни пречки за вистинска диверзификација на изворите на природен гас за регионот и за Бугарија. Според него, веќе три години не може да се доврши трипати пократкиот алтернативен извор на гас – интерконекторот Грција – Бугарија, кој е дел од Јужниот гасен коридор.

Според Цветанов, Русија продолжува да користи кампањи за шпионажа и дезинформација за да ги дестабилизира земјите во регионот на Црното Море и во Западен Балкан и да ги поколеба општествените и политички елити во нивниот стремеж да станат дел од евроатлантското семејство. Воената нерамнотежа меѓу НАТО и Русија во Црното Море може да се намали откако Алијансата ќе направи транзиција кон засилено присуство и развој на инфраструктурата и капацитетите, што имаат доволно застрашувачки и одбранбени способности.

Цветанов потсетува дека оваа недела бугарскиот претседател Румен Радев првпат свика Советодавниот совет за национална безбедност поради заканите по националната безбедност и состојбата на вооружените сили на земјата, по тековното агресивно воено присуство на Русија во Црното Море и продлабочувањето на конфронтација помеѓу Русија и Украина. Според него, Бугарија мора да продолжи да ја спроведува одлуката на Самитот во Велс и буџетот за одбрана да достигне два отсто од БДП до 2024 година. Ова ќе продолжи да ги модернизира и развива одбранбените способности на бугарските вооружени сили и да постигне оперативна компатибилност со сојузниците на НАТО.

Извор: МИА

Next Post
Фото: Архива на Мета.мк

(ИНФОГРАФИК) Глобалното затоплување присутно во земјава, и лани температурите биле над просекот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk